Трилер, мистерија и краткиот мемоар на Мураками – книги кои ќе ве „распаметат“

„Човекот кој не чита добри книги не е ништо подобар од човекот кој не знае ни да ги прочита.“

Knigi-koi-ke-ve-raspametat-01.jpg

Доколку го прифатиме советот на Марк Твен, навистина е време да почнете да читате добри книги, а оваа недела ви ги препорачуваме следните три:

Срца од цимет – Џенифер Хилиер

Ова е приказна за тројца најдобри пријатели: онаа што беше убиена, онаа што отиде во затвор и оној што ја бара вистината сите овие години…

Кога имала само 16 години, Анџела Вонг, една од најпопуларните девојки во своето училиште, исчезнала без трага. Никогаш никој не се посомневал дека нејзината најдобра пријателка е вклучена на кој било начин во убиството. Но не и Кајзер Броди.

14 години подоцна, посмртните останки на Анџела Вонг се откриени. Заклучокот е дека и таа е жртва на серискиот убиец што подоцна убил уште најмалку три жени… но, каква е целосната вистина?

Knigi-koi-ke-ve-raspametat (1).jpg

За што зборувам кога зборувам за трчањето – Харуки Мураками

„Болката е неизбежна. Страдањето е избор“. Во 1982 година, откако ќе го продаде својот џез-клуб за да му се посвети на пишувањето, Мураками почнува да трча за да се одржи во добра физичка форма.

По многу години и по голем број истрчани трки и маратони, додека тренира за Њујоршкиот маратон, Мураками одлучува да ни ги раскаже своите искуства и да ни открие какво влијание имало трчањето врз неговиот живот и пишувањето.

Резултатот се овие прекрасни мемоари за неговите испреплетени страсти – трчањето и пишувањето – што изобилуваат со спомени, размисли и заклучоци од сопствените увиди, вклучувајќи го и точниот момент кога одлучува да стане писател.

Knigi-koi-ke-ve-raspametat (3).jpg

Убиецот со распетието – Крис Картер

Пронаоѓањето на телото на млада жена во една пуста колиба среде шума во Лос Анџелес го враќа детективот Роберт Хантер во еден страшен стар кошмар. Жртвата е пронајдена гола, закачена за две паралелни дрвени штици и очигледно е дека била садистички мачена пред исклучително болната смрт.

Некој ѝ ја одрал целата кожа од лицето – и тоа додека сè уште била жива. На задниот дел од нејзиниот врат е врежан чуден двоен крст: заштитен знак на психопат познат како Убиецот со распетието. Но тоа е невозможно. Затоа што Убиецот со распетието бил фатен и осуден на смртна казна пред две години.

Knigi-koi-ke-ve-raspametat (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg