Врвни трилери од мајсторите Агата Кристи, Донато Каризи и Јуси Олсен за одличен викенд
Ги обожавате делата на Агата Кристи? Достапно e на македонски јазик нејзиното ремек-дело „Неочекуваниот посетител“, кое ќе ве натера да го предвидувате развојот на настаните до самиот крај.
Доколку пак сте приврзаник на остриот стил на Донато Каризи имаме уште еден одличен предлог за вас. Ако пак сте за студен, скандинавски трилер, продолжете со читањето надолу:
Ловци на фазани – Јуси Адлер-Олсен
Во 1987 година, во викендичка во северна Данска, сурово се убиени брат и сестра. Полицијата се сомнева дека убиецот е дел од една приватна гимназија во која учат децата на најбогатите семејства во земјата. Учениците од ова елитно друштво се познати по организирање насилни оргии.
Сепак, истрагата е попречена од високи полициски инстанции. Дваесетина години подоцна случајот повторно е на масата на полицискиот инспектор Карл Морк, брилијантниот детектив што раководи со Секторот Q – одделението за нерешени случаи. За него станува јасно дека не е сè така како што изгледа на прв поглед.
Неочекуваниот посетител – Агата Кристи
Кога еден туѓинец ќе заглави со својата кола во ендек во Јужен Велс една маглива вечер, бара помош во првата куќа на која наидува најблизу до патот. Таму наоѓа жена со пиштол в рака, која немо стои над мртвото тело на нејзиниот хендикепиран сопруг.
Признава убиство и неочекуваниот посетител се нуди да ѝ помогне да подготви лажна приказна. Но, можно ли е Лора Ворик да не е виновна за злосторството? И ако е така, тогаш кого штити?
Господарот на сенките – Донато Каризи
Постои место на кое светот на светлината се сретнува со светот на темнината. Тука се случува сè: во земјата на сенките, каде сè е непостојано, конфузно, несигурно. Тој е чувар поставен да ја брани таа граница. Затоа што понекогаш нешто успева да се протне. Неговата задача е да го врати назад.
Поминати се пет века откако папата Лав X ја издал таинствената порака по која Вечниот град не смее никогаш да потоне во темнина. Маркус, последниот исповедник, го изгубил своето највредно оружје: сеќавањето. Само Сандра Вега може да му помогне. Единствено таа ја знае неговата тајна…
(О)Милена | Црнобело