Постхумно издадена книга на Зафон и уште два нови наслови кои целосно ќе ви го украдат слободното време

И покрај тоа што се збогувавме со еден од најомилените писатели на модерното време, Карлос Руиз Зафон, постхумно се издаде книга со 11 раскази кои практично ве вовлекуваат во серијалот на „Гробиштата на заборавени книги“.

Posthumno-izdadena-kniga-na-Zafon-01.jpg

Покрај оваа неверојатна книга, уште два нови наслови – вистинска приказна за Аушвиц и неверојатен трилер, се закануваат дека целосно ќе ви го украдат слободното време:

Ноќно пливање – Меган Голдин

Откако првата сезона од нејзиниот поткаст за вистински злосторства станува сензација преку ноќ и ослободува невин човек од затвор, Рејчел Крол станува општо познато име и последна надеж за илјадниците луѓе кои бараат правда. Таа наоѓа порака на шофершајбната на нејзината кола, адресирана до неа, со молба за помош.

Во малиот град Неаполис се води ужасно судење за силување. Еден од милениците на градот, пливач со потенцијал да стане олимпиец, е обвинет за силување средношколка, саканата внука на полициски началник.

Рејчел е под притисок да направи успешна трета сезона од поткастот, па се впушта во интервјуирање и испрашување – но загадочните писма и понатаму се појавуваат на неочекувани места. Некој ја следи и нема намера да престане додека Рејчел не открие што се случило со нејзината сестра пред 25 години.

Posthumno-izdadena-kniga-na-Zafon (3).jpg

Град од пареа – Карлос Руиз Зафон

Колекција од 11 приказни издадени постхумно во чест на прерано починатиот автор. Меѓу овие приказни ќе сретнете момче кое решава да стане писател кога открива дека неговите фантазии го поттикнуваат вниманието на едно девојче кое го заробило неговото срце;

бегството на еден архитект од Константинопол каде се планира да се гради несовладлива библиотека; чуден господин го искушува Сервантес да напише книга каква досега не постоела и Гауди, кој плови кон Њујорк воодушевен од светлата и пареата, нешта од кои секој град треба да е изграден…

Posthumno-izdadena-kniga-na-Zafon (2).jpg

Последна станица Аушвиц – Еди де Винд

Неверојатна приказна за страдањето и преживувањето на еден затвореник во Аушвиц, интернационален бестселер и единствената книга целосно напишана во логорот. Еди де Винд, холандски лекар и психијатар, бил испратен во Аушвиц со својата сопруга Фридел во 1943 година.

Тие го поминале бруталниот процес на селекција и биле работно ангажирани. Секој ден, секоја минута станале битка за опстанок. За Еди, ова значело преговори со непредвидливите чувари во болничкиот блок. За Фридел тоа значело избегнување на нацистичките варварски експерименти.

Posthumno-izdadena-kniga-na-Zafon (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg