Од стјуардеса до милионер – нејзината книга ќе стане и филм, а идејата ѝ дошла додека патниците спиеле во авионот
„Falling“ е најдобриот вид на трилер… постојана и целосно автентична напнатост“. „Најдобриот трилер што сум го прочитал години наназад. Држете се“. Ова се само дел од коментарите на познати автори како Џејмс Патерсон кои не престануваат со пофалбите за деби книгата на поранешната стјуардеса Ти Џеј Њуман која се очекува да излезе во јули 2021 година.
За што всушност се работи?
143 патници се качуваат на лет кон Њујорк. Но, она што не го знаат е дека 30 минути претходно семејството на пилотот е киднапирано. И единствениот начин за да преживее, е тој да го урне авионот со сите патници.
Ти Џеј била стјуардеса која веќе ја напуштила работата со оглед на тоа што студиото Универзал ѝ исплатило 1,5 милиони долари за авторските права за снимање на филм според нејзината книга. Таа вели дека идејата за романот ја добила за време на лет додека патниците спиеле.
Белешките ги запишувала онака како што ќе стигнела на сè што ѝ било при рака – од хартија и салфетки до телефонот, додека имала малку слободно време во текот на летовите.
Ти Џеј изјавила дека имала скоро 30 нацрти за книгата, но и дека патот до успехот бил трнлив и нималку лесен, бидејќи повеќе од 40 агенти воопшто не биле заинтересирани за книгата.
Но, упорноста и соништата очигледно се остваруваат. Таа потпишала договор со издавачката куќа Авид Ридер Прес за две книги, а станува збор за седумцифрена сума.
(О)Милена | Црнобело