Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Едно „Љубовно романче“ и уште две одлични книги кои ќе ги „голтнете“ во еден здив

„Она што најмногу ме воодушевува кај една книга е тоа што откако ќе ја завршиш, посакуваш писателот кој ја напишал да е твој добар другар за да можеш да му се јавиш секогаш кога ќе посакаш“.

Ljubovno-romance-i-uste-dve-odlicni-knigi-01.jpg

Џ.Д. Селинџер имал неверојатно добра идеја, а дефинитивно ќе посакате да можете да им се јавите на следните тројца автори и да си помуабетите за нивните книги:

Љубовно романче – Емили Хенри

Август Еверет е познат автор на интелектуална книжевна фикција. Јануари Ендрус е авторка на романси бестселери – или, според него, на „љубовни романчиња“. Додека таа „везе“ среќни краеви, тој ги „убива“ сите главни ликови во своите книги.

Тие се тотално спротивни. Всушност, единственото заедничко им е тоа што во следните три месеци живеат во соседни куќи на плажа, двајцата банкротирани и со писателски блокади.

Ljubovno-romance-i-uste-dve-odlicni-knigi (2).jpg

Ученикот – Микел Јорт и Ханс Розенфелд

Неколку жени се сурово и насилно убиени, но истрагата сè уште тапка во место. Убиствата многу наликуваат на оние кои биле извршени пред петнаесетина години од страна на Едвард Хинде кој ја отслужува затворската казна зад решетки благодарение на полицискиот истражувач, Себастијан Бергман.

Напредувајќи во истрагата, тој се обидува да открие дали убиствата се директно поврзани со него и дали саканите околу него се безбедни.

Ljubovno-romance-i-uste-dve-odlicni-knigi (3).jpg

Загубената чест на Катарина Блум – Хајнрих Бел

Младата жена Катарина Блум која има некаква врска со прогонуван криминалец, станува цел на новинарот кој се обидува да ги освои насловните страници така што ќе ја претстави како расипана и развратна. Како што ескалираат нападите врз неа во написите на сензационалистичкиот „ВЕСНИК“, таа станува и жртва на анонимни закани.

Катарина гледа само еден излез од тој кошмар. Свртувајќи го наопаку жанрот загатка, новелата на Бел почнува со признание за злосторство, вовлекувајќи го понатаму читателот во една мрежа на сензационализам, убиство на еден од ликовите и неизбежна ерупција на насилство.

Ljubovno-romance-i-uste-dve-odlicni-knigi (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg