Последните 3 книжевни новитети за 2020 – започнете ја 2021 со одлични наслови

Време за игра, време за смеа, време за одмор и време за – читање. Се надеваме дека најдовте време за последното, особено во текот на годината којашто ја оставивме зад себе.

Poslednite-novi-knizevni-naslovi-za-2020-01.jpg

Последните три нови книжевни наслови од 2020 нудат неверојатно читателско искуство, а вреди да ја започнете новата година со нови, одлични наслови:

13 минути – Сара Пинбороу

Прогласена за „најдобра книга“ за млади за 2016 година од ТЕЛЕГРАФ. „Не се сеќавам како завршив во студената вода, но ова со сигурност го знам: тоа не беше несреќен случај.

Велат, чувајте ги пријателите блиску до Вас а непријателите уште поблиску, но понекогаш е тешко да препознаете непријател меѓу пријателите. Моите пријатели ме сакаат. Сигурна сум дека е така. Но, тоа не значи дека не се обидоа да ме убијат“.

Poslednite-novi-knizevni-naslovi-za-2020 (1).jpg

Те молам, внимавај на мама – Кјонг – сук Шин

Секој има потреба од својата мајка, без разлика кој е и колку години има… Парк Со-нјо, мајка на пет возрасни деца, доаѓа во Сеул да ги посети. Но, на преполната железничка станица, ѝ се губи секаква трага.

Од перспектива на ќерката, најстариот син, сопругот, но и самата Со-нјо, ја разоткриваме сложеноста на меѓучовечките односи и ја запознаваме жената што целото свое постоење, без оглед на скриените желби и копнежи, се посветила само на децата.

Четири приказни и четири перспективи – загуба, бес, вина и жртвување – ни откриваат вител од чувства што испливуваат по таинственото исчезнување на една мајка и жена.

Poslednite-novi-knizevni-naslovi-za-2020 (3).jpg

Стапица – Лилја Сигурдардотир

После разводот, младата и привлечна мајка Соња, се обидува да го добие и да го задржи старателството над нејзиниот син.

Во исклучително тешка животна ситуација, таа се впушта во шверц на кокаин за Исланд и одеднаш е заглавена во канџите на безмилосниот криминален свет.

Додека очајно го бара излезот од неволјите, уценета и крваво претепана, таа е принудена да применува нови и смели тактики, но не успева да го надмудри Браги – цариникот со долгогодишно искуство.

Poslednite-novi-knizevni-naslovi-za-2020 (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg