Психолошки книги кои ќе ја зголемат вашата умствена вибрација

Низ последните децении, психолошките романи доживеаја вистинска експанзија.

psiholoshki-knigi-koi-kje-ja-zgolemat-vashata-umstvena-vibracija-1.jpg

Психолошките книги се одлични за одгатнување на сите ваши навидум „нерешливи“ загатки и меѓудругото, тие содржат одлични толкувања за човековите размислувања и постапки.

За љубителите на психологијата, овој пат издвојуваме 5 книги кои ќе ве запознаат со вистинското духовно патување, ќе ве натераат подобро да го разберете светот околу вас и да го пронајдете вашиот внатрешен мир.

Да започнеме:

Спенсер Џонсон - „Кој го здипли моето сирење?“

Уште како мали научивме дека басните се епски дела во кои преку ликовите на животните на алегоричен начин се опишуваат човечките особини.

Американскиот автор Спенсер Џонсон во 1998 година објави модерна басна која преку ноќ стана вистински хит низ светот, а до денес е продадена во над 26 милиони примероци.

„Кој ми го здипли моето сирење“ е книга за самопомош во која се зборува за тоа како да се справите со промените во деловниот и приватниот живот.

Заводливоста на оваа книга лежи во нејзината едноставност и фактот дека неа можат да ја читаат деца, како и возрасни.

Потрагата по сирењето е всушност потрага по сето она што ни е потребно во животот, односно добра работа, висока плата, успешна кариера, љубовна врска, здравје, хармонија.

Сепак, барањето на сирењето низ големиот лавиринт, не е воопшто едноставно.

„Побезбедно е да талкаме низ лавиринт, отколку да останеме онаму каде што нема сирење“.

5-odlichni-psiholoshki-knigi-koi-kje-ja-zgolemat-vashata-umstvena-vibracija 02 630x420.jpg

Ерих Фром -  „Уметноста на љубовта“

Едно од најактуелните дела на психологијата објавено во 1956 година е напишано од Ерих Фром.

Во „Уметноста на љубовта“, како што ни кажува и самиот наслов, авторот зборува за љубовта како активност која бара вештини што се стекнуваат со долгорочен напор, што значи: љубовта не доаѓа случајно.

Ерих Фром не дава универзални и едноставни совети, односно готови упатства за пронаоѓање на љубовта.

Напротив, низ целото дело тој истакнува дека човекот мора постојано да работи на себе, постојано да се развива, за да може да ја прифати и совлада љубовта којашто ја поседува.

„Парадоксално, способноста да се биде сам е услов за способноста да се сака“.

5-odlichni-psiholoshki-knigi-koi-kje-ja-zgolemat-vashata-umstvena-vibracija 03 630x380.jpg

Карл Густав Јунг - „Човекот и неговите симболи“

Постојат навистина многу книги на Карл Густав Јунг кои можат да му помогнат на современиот човек во неговата потрага по самоспознание.

„Човекот и неговите симболи“ е последната книга напишана од Јунг, па затоа претставува еден вид синтеза на неговите идеи.

Интересен е фактот што во создавањето на оваа книга учествувале и соработниците на Јунг, а нејзината цел е да даде објаснувања до „обичниот“ читател, во врска со неговите основни психолошки концепти.

Покрај тоа, Јунг во оваа книга ја објаснува неверојатно влијателната теорија на симболиката што се манифестира во соништата. Тој вели дека симболите можат да се појават и во секојдневниот живот, низ обичните настани.

Овој извонреден писател умешно го допира необјаснивото и му дава свој нов облик, лесно дофатлив до неговите читатели.

„Животот е бојно поле. Отсекогаш бил и ќе биде. Да не беше така, на егзистенцијата ќе ѝ дојдеше крајот“.

5-odlichni-psiholoshki-knigi-koi-kje-ja-zgolemat-vashata-umstvena-vibracija 04 630x380.jpg

Зигмунд Фројд - „Толкување на соништата“

Судејќи според резултатите од пребарувањето на Интернет, оваа ремек-дело на Зигмунд Фројд е една од најпомуларните книги ширум целиот свет.

Се разбира, оние кои сакаат да дознаат повеќе за идеите и психоанализата на Фројд, ги советуваме да посегнат и по останатите негови книги, на пример одличната „Вовед во психоанализа“.

Идејата на Фројд дека соништата се начинот на кој се манифестира несвесното е една од најреволуционерните идеи во психологијата.

Соништата, според теоријата на Фројд, претставуваат скриено исполнување на нашите несвесни желби.

Бидејќи луѓето отсекогаш биле заинтригирани од нивните соништа, многумина ја користат томку „Толкувањето на соништата“ на Фројд како водич за разбирање за тоа што се сонува, помагајќи во толкувањето.

Ако природата на соништата ве фасцинира, оваа книга е вистинскиот избор за вас.

„Доблесниот човек се задоволува со сонување на она што злобниот човек го прави во реалниот живот“.

5-odlichni-psiholoshki-knigi-koi-kje-ja-zgolemat-vashata-umstvena-vibracija 05 630x370.jpg

Џо Наваро -  „Што кажува секое тело“

Во последниве години се повеќе се зборува за говорот на телото.

Навистина, ова е многу важно особено кога знаеме дека секој од нас несвесно испраќа одредени пораки, а говорот на телото е нешто за што обично не сме свесни, додека пак ако нашиот соговорник е научен да го толкува, тоа може да му значи многу повеќе од нашите зборови.

„Што кажува секое тело“ е книга што ќе нè научи да бидеме свесни за пораката што нашето тело им ја испраќа на другите, но и да „прочитаме“ друга личност.

Нејзиниот автор, Џо Наваро, е поранешен агент на ФБИ, кој целиот свој професионален живот го посветил на проучување на оваа невербална комуникација и нејзината конкретна примена.

Разбирањето на невербалната комуникација бара знаење за читање изрази на лицето, гестови, физички движења, телесно растојание, допир, држење на телото.

Верувале или не, со оваа книга ќе научите многу нешта кои не сте ги знаеле.

„Гледате, но не набљудувате“.

5-odlichni-psiholoshki-knigi-koi-kje-ja-zgolemat-vashata-umstvena-vibracija 06 630x370.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg