Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Срцето и душата полни – книги со празнична магија за среќен крај на една лоша година

Ја имавме можеби најлошата година во нашите животи. Но, како и за секое добро, бевме сите заедно да го споделиме заедно и лошото.

Knigi-so-praznicna-magija-01.jpg

Заокружете го последниот месец од годината со топли книги полни со празнична магија. Навистина ќе ви ги стоплат срцето и душата... и барем малку ќе ја ублажат болката од лошата година која се надеваме дека никогаш нема да се повтори:

Нека снежи: Три празнични романси - Џон Грин, Морин Џонсон и Лорин Миракл  

Божиќ е и Грејстаун е затрупан со снег. Но, времето е повеќе отколку само мала незгода. Кога една девојка неочекувано ќе слезе од еден завеан воз, таа предизвикува цела низа настани што засекогаш ќе променат неколку животи.

Наскоро – четиринаесет загреани мажоретки ќе го преплават локалниот „Вафл Хаус“, филмската вечер на Дјук ќе биде грубо прекината заради една Твистер-мисија, а една вљубена шанкерка ќе одлучи за судбината на едно прасенце...

На крстопатот на трите приказни, првпат ќе се сретнат неколку туѓинци. И во центарот на снежниот Грејстаун – ќе расцути романсата! Исто како и во вашето топло, празнично срце.

Knigi-so-praznicna-magija (1).jpg

Малите жени – Луиза Меј Алкот

„Малите жени“ е приказна за четири сестри: Мег, Џо, Бет и Ејми Марч. Базирана е на личните искуства на авторката и нејзините три сестри. Секое од девојчињата се бори со некоја особена, лична карактеристика: Мег е суетна, Џо е избувлива, Бет е срамежлива, а Ејми е егоцентрична.

Додека девојчињата се обидуваат да ги надминат тешкотиите во животот најдобро што умеат додека татко им е далеку, во војна, низ нивната креативност и меѓусебна љубов тие успеваат да уживаат во убавите мигови и да опстојат низ тешките времиња.

Knigi-so-praznicna-magija (3).jpg

Сам дома – Џон Хјуџес

Класичниот филм што сите го знаете и го сакате сега е илустрирана сликовница во која може да ужива целото семејство - исполнета со смотаните крадци, брилијантните стапици и со малиот Кевин, кој мора да го брани својот дом.

Дали може да ги спречи крадците да влезат во неговиот дом? И дали неговото семејство ќе се врати навреме за Божиќ?

Knigi-so-praznicna-magija (5).jpg

Божиќна мистерија - Јустејн Гордер

Едно момче наоѓа избледено, рачно изработено божиќно календарче во една книжарница. Од него паѓа превиткан лист на кој е напишан првиот дел од необичната приказна за малото девојче што патува назад во времето до Витлеем и раѓањето на Христос.

Во меѓувреме, испреплетената приказна за сегашноста излегува на виделина, и момчето дознава за чудниот човек што го направил календарчето и за девојчето што исчезнало на Бадник пред четириесет години...

srceto-i-dushata-polni-knigi-so-praznicna-magija-za-srekjen-kraj-na-edna-losa-godina-2.jpgфото: snow png from pngtree.com

Сè што син ми треба да знае за светот - Фредрик Бакман

Бакман ни дава интимен увид во односот меѓу татковците и синовите. Проникнувајќи длабоко во сопственото искуство и обраќајќи се директно на своето дете, Бакман ги разгледува перспективата и алатките што ќе му бидат потребни на неговиот син за да се снајде во светот.

Делумно мемоари, а делумно љубовни писма, оваа книга претставува прирачник за големите, но и малите животни лекции, подеднакво важни како и првите.

Од тоа како да се излезе накрај со љубовта до тоа како да се монтира парче мебел од ИКЕА. И нешто уште поважно – зошто таткото понекогаш ќе му ја стега дланката малку поцврсто од обично.

Knigi-so-praznicna-magija_4.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg