Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 нови книги кои ќе ви ги пуштат емоциите на најсилно оваа есен

Нè очекува исклучително богата, книжевна есен. Откако помина Саемот на книгата, веруваме дека се подновивте со нови изданија. А зарем има подобра сезона за читање книги од есента?

3-novi-knigi-emocii-na-najsilno-ovaa-esen-01.jpg

Расположението и атмосферата се одлични за книга во рацете и задлабочување во содржината. Препорачуваме 3 нови изданија на македонски јазик кои ќе ви ги пуштат емоциите на најсилно:

Плачот на срната – Слаѓан Славенски

Тој е повлечен, талентиран сликар кој сè уште не е закрепнат од исчезнувањето на неговата блиска пријателка – која најверојатно е жртва на сериски киднапер во нивното мало гратче. Таа е црвенокоса убавица со проблематично семејство; живее единствено за својот мачор, музиката и книгите.

Нивните меланхолични души се поврзуваат на еден необичен начин – чуден сон, префинето претставен на платно. Немаат никој друг близок во своите животи, но сето тоа се менува кога почнуваат подобро да се запознаваат, спријателуваат и вљубуваат…

3-novi-knigi-emocii-na-najsilno-ovaa-esen (1).jpg

Свекрва – Сели Хепворт

Од моментот кога Луси ја запознава мајката на својот сопруг, знае дека не е жена каква што Дијана посакувала за својот совршен син. Иако е извонредно учтива, пријателски настроена и секогаш великодушна, Дијана ја држи Луси на растојание, и покрај очајничките обиди на снаата да се зближат.

Дијана е столб на заедницата, поборник за права на бегалците и жена што со децении ужива во среќен брак; никој нема лош збор за неа. Освен Луси. По 5 години, Дијана е најдена мртва, а прошталното писмо вели дека веќе не сакала да живее поради ракот што ѝ го разорува телото. Само што аутопсијата не открива рак.

3-novi-knigi-emocii-na-najsilno-ovaa-esen (3).jpg

Преминот не е осветлен – Оливера Николова

Toa врнежливо саботно утро на вратата се појавува едно накиснато 12-годишно момче, барајќи стара хартија. Вратата ја отвора мајка му на Игче и токму од тој момент, Соколе Најденовски од Домот за деца без родители станува дел од нивните животи.

Врсниците Игче и Соколе стануваат и најдобри другари. Но, набрзо откриваат дека во Домот не постои никаков Соколе Најденовски. Тогаш, кое е тоа момче и кој е всушност Соколе? Дали навистина ова дете е од Домот?

3-novi-knigi-emocii-na-najsilno-ovaa-esen (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg