10 модерни класици што треба да се засрамите доколку не сте ги прочитале досега
Секако, списокот на модерни класици е огромен и изобилува со квалитетни, одлични книги. Модерните класици се една од најпопуларните теми на разговор во поголемо социјално опкружување, па би била вистинска штета доколку не можете да се вклучите во дискусијата.
Колку имате прочитано од следните 10 модерни класици?
Фаренхајт 451 – Реј Бредбери
Тоталитарно општество во кое луѓето се затворени во своите домови. Тие никогаш не разговараат за она што го мислат и чувствуваат и уживаат само во материјалните работи. Книгите се прогласени за непотребни, строго се забранети и подлежат на горење.
Но, една мала опозиционерска група луѓе се обидуваат по секоја цена да го спасат духовното богатство на човештвото и секој од нив знае наизуст понекоја книга, за да им ја пренесе на идните поколенија.
Чекајќи го Годо – Семјуел Бекет
Основата на драмата е чекањето, очекувањето. Двата главни ликови кои изгледаат како бездомници, Владимир и Естрагон, го чекаат оној што е именуван како Годо. Во таа состојба на чекање сè се сведува на пополнување на времето.
Иако, всушност, ништо не се случува, пасивноста е исполнета со придушена непријатност и неодредена закана, закана од непознатото, од кое ликовите стравуваат, но едновремено и посакуваат да се случи нешто.
Да се убие птицата подбивница – Харпер Ли
Сместен во јужниот град Мејкомб, Алабама, за време на големата депресија, романот следи три години од животот на осумгодишната Скаут Финч, нејзиниот брат Џем и нивниот татко Атикус.
Во овој период клучен настан е апсењето и судењето на младиот црнец, обвинет за силување на бела жена. Атикус застанува во одбрана на обвинетиот.
Стакленото ѕвоно – Силвија Плат
Романот ја следи приказната за младата Естер Гринвуд на почетокот на нејзината ментална борба. Таа за првпат забележува дека нешто не е во ред со неа во текот на летото додека стажира за едно списание во Њујорк.
Обидот се да се вклопи во работата со другите стажанти, како и со момчињата и колегите претставува вистинско мачење за Естер. Детално е прикажан темниот и застрашувачки свет во кој потонува младата жена.
Сто години самотија – Габриел Гарсија Маркез
Семејството Буендија е изолирано од останатиот дел на светот и живее во Макондо, село некаде на крајот на светот каде времето не постои. Семејството ја негира визијата за светот каков што навистина е и како функционира. Освен посетите на Циганите одвреме-навреме и нивните парчиња за трговија, тие немаат никаков контакт со реалноста.
Водачот на кланот, Хозе Аркадио Буендија, е нетрпелив иноватор кој е привлечен од мистериозното. Неговиот најстар син ја наследува неговата физичка сила, а најмалиот неговата опсесија за енигматичното, нереалното.