Совршено скроени трилери за читање во долгите зимски ноќи
Еден од најомилените книжевни жанрови – трилерот, освојува поради брзината на дејството проткаено со адреналин и многу пресврти.
Доколку сте расположени за совршено скроени трилери кои ќе ве остават будни длабоко во ноќта, овие 3 книги се вистинскиот избор за вас:
Шепнувачот - Донато Каризи
Две момчиња заедно со нивното куче пронаоѓаат неколку леви раце закопани во круг. Започнува сомнежот дека можеби им припаѓаат на пет исчезнати девојчиња на возраст од 8 до 13 години.
Но, во кругот има закопано 6 леви раце, а само 5 девојчиња се водат како исчезнати. Киднапирано е уште едно девојче, но сè уште не е пријавено како исчезнато.
Уште еден совршено заплеткан трилер од мајсторот Донато Каризи.
Во водата - Пола Хокинс
Во едно мало и навидум мирно гратче, испливува мртвото тело на една самохрана мајка во реката која тече низ него.
Ова не е прв пат да се случи вакво нешто. Клопчето на тајни и мистерии полека почнува да се одмотува.
15-годишната тинејџерка останува сама, без пријатели и родители. За утеха ја има само нејзината тетка, сестрата на мајка си, која се заколнала дека никогаш нема да се врати во местото од каде што потекнува.
Жената во кафезот - Јуси Адлер-Олсен
Детективот Карл Морк има ужасен ден на работа. По сурова престрелка, едниот негов колега е убиен, а другиот останува парализиран.
Го преместуваат во новиот сектор за нерешени случаи, и додека сите други го одбегнуваат, тој се спријателува со единствениот вработен во секторот, чуварот Асад, кој е сириски имигрант, но се покажува како прилично талентиран детектив.
Карл повторно го отвора случајот за исчезнатата политичарка, младата Мерете Лунгор. Таа исчезнала без трага пред 5 години, но телото никогаш не е пронајдено.
Дали постои можност Мерете да е сè уште жива?
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





