3 книги обоени со есен во насловот
Сте помислиле ли колку книги го содржат зборот есен во насловите? Ние пронајдовме три преведени на македонски јазик, но ќе се изненадите колку многу ги има.
За овие гарантираме дека ќе ви го задржат целото внимание, а дали си го оправдуваат насловот и дали ќе ве внесат во автентично есенско расположение, ви оставаме вам да откриете:
Есента на патријархот - Габриел Гарсија Маркес
Ова можеби е еден од најинтригантните и најамбициозните книжевни потфати на Маркез. Во него се проектира приказната за карипски тиранин и корупцијата која оди рака под рака со големата моќ.
Диктаторот, односно патријархот во себе го носи најдоброто и најлошото од човечката природа. Почнувајќи од хуманост, до изневерување, од нежност до насилство, стравот од Бога и екстремната суровост, Маркез со својот типичен магичен реализам го сместува тиранинот во затворот на сопственото постоење.
Есен во Пекинг - Борис Вијан
„Есен во Пекинг“ се смета за најуспешниот роман на францускиот автор Борис Вијан. Приказната зазема место во имагинарната пустина наречена Егзопотамија
Сите учествуваат во изградбата на железничка пруга која, всушност, не води никаде.
Оваа пустинска авантура содржи од сè по малку: црн хумор, траги-комични елементи, чудни ексцентрични ликови. Се чини дека сè е возможно во мрачниот свет на Вијан, освен можноста за искусување вистинска среќа.
Есен – Џон Голсворди
Во центарот на случувањата во последниот роман од триптихот Темниот цвет на Голсворди е вајарот Марк Ленан. Тој има долгогодишна успешна кариера и мирен брак без деца со Силвија, 16-годишната девојка од Пролет кон која има нежни, но нејасни чувства.
Токму кога мисли дека животот му е едно мирно пловење, Марк ја запознава Нели, ќерката на неговиот некогашен школски другар Џони.
Срцето на Марк одеднаш се преполнува со бурни чувства, носталгија и копнеж по минатото и младоста и жед за љубов каква што мисли дека не искусил. Но, дали врската со Нели може да му го даде она за што Марк сонува?
(О)Милена | Црнобело