3 книги кои ќе ви го ублажат тмурното есенско расположение

Колку и да имате позитивна енергија во себе, понекогаш е навистина тешко да му се насмееш на денот кој не носи ништо друго освен грижи и намуртено небо.

3-knigi-koi-ke-vi-go-ublazat-tmurnoto-esensko-raspolozenie-01.jpg

Токму затоа, потребно е да одвоите време и да прочитате нешто убаво и интересно, односно содржини кои ќе ви ја стоплат душичката.

Време е за книжевна терапија, а таа доаѓа во облик на:

Анаис од Монтмартр - Јана Мишо

Анаис Мишел доаѓа во Париз со цел да се пронајде себеси. Со себе носи само еден куфер и транспортерот за мачки.

На прашањето - колку може да биде тешко да се пронајдеш во градот на светлината, толку магично прекрасен, одговорот понекогаш е позаплеткан отколку што мислиме.

Особено кога ќе те пречека новата жена на татко ти, ќе се сретнеш со заборавен пријател, а постојано си опкружена со стравот – што доколку не постои работа која може некогаш да те направи среќна?

3-knigi-koi-ke-vi-go-ublazat-tmurnoto-esensko-raspolozenie (3).jpg

Нема друга - Јела Кречич

Матјаж ја раскинува долгогодишната врска со девојката. Разочаран и тажен, паѓа во тешка депресија. Но, по некое време донесува заклучок дека „клинот се вади со клин“ и дека најлесниот начин да ја преболи поранешната девојка е да започне врски со многу други девојки.

Следува серија од „мувања“ со многу девојки по најпознатите места во Љубљана, но и од поранешна Југославија.

Сепак, Матјаж секогаш доаѓа до истиот заклучок – нема друга како поранешната девојка.

Комична приказна за сложените љубовни односи во современото општество.

3-knigi-koi-ke-vi-go-ublazat-tmurnoto-esensko-raspolozenie (2).jpg

Кога сакаш некого - Кристин Хана

По болниот непријатен развод поради долгите години борба со неплодност и неможноста да зачне, Енџи се враќа во родното гратче и започнува да го води семејниот ресторан.

Сè уште скршена од болка, таа се спријателува со млада девојка која и самата има прилично многу проблеми.

Енџи ја вработува 17-годишната Лорен, затоа што во неа гледа нешто што другите не можат да го видат. Двете стануваат пријателки, а откако Лорен ќе остане без старател и покрив над главата, Енџи великодушно ја поканува да живее кај неа.

Сепак, животот ги става на тест двете жени, едната која очајно копнее да стане мајка, а другата која моли за мајчинска љубов и внимание.

Но, ништо не може да ја подготви Енџи за реперкусиите од овој акт на љубезност. Заедно, двете жени – едната што копнее за дете и другата што копнее за мајчинска љубов – животот ги тестира како никогаш претходно.

3-knigi-koi-ke-vi-go-ublazat-tmurnoto-esensko-raspolozenie (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
3 романи за кои ќе сакате да се пофалите дека сте ги прочитале Ако сте од оние читатели, со истенчен вкус, тогаш овие книги сигурно ќе ви се до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg