3 одлични ноемвриски трилери за посветени читатели
Претпоследниот месец во годината е одличен временски период да надоместите со омилената активност – читањето книги, доколку изминатиов период не сте прочитале ништо добро.
Што и да решите да прочитате овој ноември од нашите три предлози, нема да погрешите:
Бела како снег - Сала Симука
Трилогијата романи Снежана (Црвена како крв, Бела како снег и Црна како абонос) e книжевен феномен преведен на 52 јазици ширум светот.
Пред да ја дочекаме филмската премиера, препорачуваме да ја прочитате книгата на финската авторка Сала Симука.
Лумики е 17-годишна девојка која на улиците во Прага ја запознава младата Ленка, која тврди дека е нејзината одамна изгубена сестра. Лумики се вплеткува во опасна и заплеткана игра, а верскиот култ Бела е еден од најопасните противници.
Со цел да се спаси себеси и младата Ленка, Лумики сфаќа дека мора да побара помош доколку не сака да заврши во рацете на оние кои ги прогонуваат.
Украдени души - Ирса Сигурдардотир
Овој возбудлив трилер е сместен во карпестите предели на раскошниот Исланд.
Годината на првиот настан е 1945. Четиригодишно девојче е затворено во чуден отвор во дворот на својата куќа.
Дејствието продолжува многу години подоцна, во 2006 година. Како затворањето на малото девојче е поврзано со две монструозни убиства? Чиј е тој детски плач што се слуша во маглата, чии се скриените коски во бункерот за јаглен?
Адвокатката Дора се обидува да ја разреши мистеријата за земјиштето за кое се тврди дека е опседнато со духови. Таа полека навлегува во заплетканата историја на сопствениците на земјиштето, додека се бори со сопствениот заплеткан приватен живот.
Зимата 1945 година. Четиригодишно девојче е затворено во чуден отвор во дворот на неговата куќа. Како овој настан, шеесетина години подоцна, во 2006 година, е поврзан со две свирепи убиства – иглички во стапалата на телата, детски плач што се слуша во маглата, коски во скриениот бункер за јаглен?
Криј се - Лиса Гарднер
Анабел се крие откако знае за себеси. Постојано нови градови, постојано нови лажни идентитети. Не знае точно од кого и од што бега, но кога во подземјето на напуштена психијатриска болница полицијата открива шест мумифицирани трупови, а едниот од нив носи синџирче со името на Анабел.
Таа нема намера повеќе да бега.
Слично како и детективот Боби Доџ чиј најголем страв, дека убиецот за кој тој смета дека е одамна мртов и закопан, е можеби сè уште жив.
(О)Милена | Црнобело