Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мажите преферираат машки автори: Кои се нивните омилени книги?

Зошто мажите претпочитаат книги напишани од машки автори? Спроведеното истражување открива остра поделба во нашите читачки навики. Истражувањето јасно покажува дека машките читатели го преферираат сопствениот пол кога ги оценуваат книгите и нивните автори.

Mazite-preferiraat-da-citaat-knigi-od-maski-avtori-01.jpg

Воедно, мажите и жените читаат скоро ист број на книги, но жените повеќе сакаат да читаат понови книги за разлика од мажите.

Ова е една прилично незгодна вистина, но истражувањето јасно покажува дека мажите претпочитаат да читаат книги од писатели од сопствениот пол и имаат тенденција да читаат помалку од оние напишани од спротивниот пол.

Истражувањето, кое произлегува од тврдењата за сексизмот во издавачката дејност, пронајде силна поделба на половите во читачките навики кај 40.000 испитаници.

Според Goodreads, веб-страницата за читање која го споредувала истражувањето, женските читатели повеќе ги оценуваат книгите на женските писатели.

Во просек, жените ги оценуваат книгите од женски автори со 4 ѕвездички од 5, а книгите од мажи со 3,8 од 5.

Некои мажи потврдиле дека преферираат повеќе машки автори поради типот на книги што сакаат да ги читаат. Тие сметаат дека машките автори имаат тенденција да пишуваат жанрови или за теми кои ги интересираат повеќе од женските автори.

Конечната забелешка е дека повеќето луѓе не се свесни за родовата поделба на книгите коишто ги читаат.

Дали сте го забележале овој интересен податок во реалноста? Какви книги преферирате да читате и дали сметате дека полот на авторот има влијание врз вашиот избор?

Во секој случај, ова се дел од книгите кои мажите ги преферираат кога станува збор за читање:

  • Пеколен портокал – Ентони Бурџис
  • Дон Кихот – Мигел де Сервантес
  • Игра во 'ржта - Џ. Д. Селинџер
  • Глувци и луѓе – Џон Стајнбек
  • Злосторство и казна – Фјодор М. Достоевски
  • Автостоперски водич низ галаксијата - Даглас Адамс
  • Странецот – Албер Ками
  • Умешноста на војувањето – Сун Цу
  • За едно дете - Ник Хорнби
  • Дракула – Брем Стокер

Mazite-preferiraat-da-citaat-knigi-od-maski-avtori-02.jpg

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 забавни книги, на попуст, кои може да ги прочитате ова лето Под мотото „Земи здив и нурни во добра книга“, издавачката куќа Арс Ламина нуди ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg