Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како читањето книги ни го поправа здравјето?

„Тоа е работата со книгите – ти дозволуваат да патуваш било каде, а да не се поместиш,“ рекла еднаш Џумпа Лахири. И вистина е.

kako-citanjeto-knigi-ni-go-poprava-zdravjeto-01.jpg

Низ книгите запознаваме нови светови, сосема нови димензии, а воедно добро се забавуваме и квалитетно го користиме слободното време.

Плус, активно работите на своето здравје. Како поточно?

Задлабочувањето во содржината и приказната на книгата барем на кратко ви ги оттргнува мислите од секојдневниот стрес и ве смирува.

Читањето книги ви го одржува мозокот во добра форма, бидејќи ве поттикнува да размислувате и создавате слики во главата.

Си го збогатувате речникот и така полесно може да учествувате во секаков вид на дебати.

Читањето е најдобрата ментална активност која ви ја подобрува меморијата и го зголемува капацитетот за паметење.

Развивањето на аналитички вештини е уште еден голем плус.

kako-citanjeto-knigi-ni-go-poprava-zdravjeto-02.jpg

Печатените книги ви ја подобруваат концентрацијата.

Зачудувачки, но кога читате книги, крвниот притисок ви се намалува заради тоа што ви се намалува и нивото на стрес во телото.

Невозможно е да читате без да сочувствувате до ликовите и тоа ви ја јакне емпатијата.

Читањето книги е најголемата и најевтината авантура која ви овозможува психички да посетите места и на крајот од светот.

kako-citanjeto-knigi-ni-go-poprava-zdravjeto-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg