Топ 5 книги за опуштање на плажа

Ако сте од оние кои на одмор сакаат да си дадат оддишка од сета сериозност и работа со која се опкружени секојдневно, веројатно книгите кои ги читате на плажа не се никаков исклучок од правилото.

Top-5-knigi-za-na-plaza-01.jpg

Сепак, покрај стандардните сладникави љубовни приказни направете простор и малку драма,  крими-роман, опасен трилер и доза еротика.

Ова лето задожително во куферот спакувајте една од овие 5 книги со чија помош ќе се заборавите на плажата под чадорот:

Светот на рамена - Џенифер Нивен  

Потресна и емотивна љубовна приказна за двајца млади кои однадвор навидум воопшто не си одговараат. Либи Страут е девојка која се изолирала по смртта на својата мајка, но конечно е подготвена да се соочи со средното училиште, светот и животот. Таа сака силно да ја зграпчи во рацете секоја можност која ѝ ја нуди животот.

Џек Маселин е впечатлив, секси и полн самодоверба, но крие тајна која сака да ја зачува по секоја цена. Очигледно никој е е онаков каков што изгледа однадвор.

Кога Џек и Либи вистински ќе се запознаат онакви какви што се, без лажни фасади и маски, целиот свет повторно добива смислата бидејќи љубовта е онаа која ќе нé спаси.

Top-5-knigi-za-na-plaza-06.jpg

Сушата - Џејн Харпер 

Специјалниот агент Арон Фалк мора да се соочи со заедницата која го отфрлила пред 20 години. Тој истражува неколку убиства во малото рурално место во Австралија каде што се чини дека сушата ги излудува луѓето. Пред да пукнат од притисокот и очајот, останува само да се молат за капка дожд.

Агентот Фалк крие тајна поврзана со смртта на неговиот пријател од детството, Лук Хадлер. Сета нечиста облека во плакарот се заканува да излезе на виделина пред да падне дождот.

Top-5-knigi-za-na-plaza-02.jpg

Елиза на единаесет години - Дојна Рушти

Елиза, 11-годишно девојче е обвинета дека го заразила целото село со сифилис. Започнува вистинска масовна хистерија и сагата продолжува да се провлекува низ медиумите и властите. Сите жестоко бараат казна за Елиза, која е означена како непријател бр. 1.

Но, Елиза е самостојна и има манири на зрела личност. Со својот намуртен изглед и цврст карактер таа решава да се соочи со целото село и светот.

Top-5-knigi-za-na-plaza-03.jpg

Круг - Дејв Егерс

Филмската екранизација на романот Круг со Ема Вотсон и Том Хенкс во главните улоги веќе ја доживеа својата премиера.

Круг е огромна моќна компанија со седиште во Калифорнија каде што се сé е поврзано на едно место – личната електронска адреса, сите прифили на социјалните мрежи, услугите од банкарството. Секој поседува свој он-лајн идентитет и се чини дека нема повеќе место за никаква приватности и тајни.

Она што на почетокот изгледа како работа од соништата за младата Меј Холанд набрзо се покажува дека е кошмар. Дали би сакале живот кој е будно следен од камерите 24/7, ниту еден момент приватност и деца на кои ќе им бидат вградени сигурносни чипови кои ќе го следат секое нивно движење?

Top-5-knigi-za-na-plaza-05.jpg

Неопходни лаги - Дијана Чејмберлен

15-годишната Ајви Харт е соочена со огромна трагедија – загубата на своите родители. По нсреќата таа е приморана да се грижи за бабата која старее, постарата сестра која има ментално нарушување и внукот на мала фарма сместена во руралните делови во Северна Каролина.

Самата Ајви страда од епилепсија и чувствува дека новите обврски се преголем залак за неа. Но, кога во Грејс Каунти ќе се досели новиот социјален работник Џејн Форестер двете жени наоѓаат утеха една во друга преку нивното пријателство.

Сепак, Ајви чува опасни и длабоки тајни и наскоро двете ќе се соочат со болното прашање: како можеш да веруваш дека она што го правиш е добро, кога сите ти кажуваат дека е погрешно?

Top-5-knigi-za-na-plaza-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
Што читаа познатите Македонки на плажа во лето 2024? Што читаа познатите Македонки на плажа ова лето? Кои се нивните книжевни препора...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg