Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Страници исполнети со љубов за лекување на скршените срца

Време е да го излекувате вашето скршено срце и сета насобрана меланхолија од тмурниот сив есенско-зимски период кој е зад нас.

Stranici-ispolneti-so-ljubov-za-lekuvanje-na-skrsenite-srca-01.jpg

На повидок е пролетта со сета своја раскошна убавина, а кога пријатното топло попладне ќе го надополните со страници исполнети со нежност и љубов, истите ќе имаат дејство како мелем на вашите рани.

Оваа пролет, одвојте време за следните 3 книги кои ќе ве разнежнат и ќе ви ја вратат вербата во љубовта:

Најубавите љубовни писма на сите времиња

Оваа збирка претставува колекција на најубавите љубовни писма кои великаните ги пишувале до своите сакани сопруги, љубовници, па дури и платонски неостварени љубови.

Тука може да го видите другото лице на Наполеон, нежното срце на Бетовен, копнежливата љубов на Волтер... сите писма се автентични и фактот што зборуваат за вистински чувства, а не фикција, е дополнителен мотив да ги прочитате писмата кои ќе ви го закрепнат срцето.

Stranici-ispolneti-so-ljubov-za-lekuvanje-na-skrsenite-srca-02.jpg

Ехо на љубовта - Хана Филдинг  

Местото на случување е еден од најромантичните градови во светот - Венеција. Вениша е разочорана од љубовта и решава да сврти нова страница, па заминува во Италија. Таа е внимателна и не ги оддава своите чувства така лесно, сé додека мистериозниот Паоло не ја спаси од група маскирани напаѓачи за време на карневалот во Венеција.

Паоло има незгодна репутација кога станува збор за жените. Но, кога Вениша добива задача да работи на прекрасната куќа на Паоло во Тоскана, тие неминовно се зближуваат и започнува романсата на која многу луѓе сакаат да ѝ стават крај.

Дали двајцата љубовници ќе успеат да се изборат за својата љубов?

Stranici-ispolneti-so-ljubov-za-lekuvanje-na-skrsenite-srca-03.jpg

 Сосед од пеколот - Р.Л. Метјусон  

Хејли е интровертна и по малку срамежлива девојка која предава во средно училиште и го слави купувањето на својот прв дом. Но, нејзиниот мал свет исполнет со задоволство ќе пукне како меур од сапуница кога ќе се досели Џејсон, сосед од пеколот.

Вистинска спротивност на Хејли, тој е гласен, бучен, обожува забави и кршење прозорци со голф топчиња. Капаче на целата ситуација, Џејсон предава во истото училиште како и Хејли. Нејзиниот живот ќе се претвори со сладок пекол и војна со згодниот шармантен сосед.

Stranici-ispolneti-so-ljubov-za-lekuvanje-na-skrsenite-srca-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три љубовни книги за романтични души Нетрпеливост која прераснува во привлечност, лага која води до љубов, љубов и од...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
Три книги за сечиј вкус, одлични за празничните денови Книга за необично пријателство, морничав трилер и силен роман за љубовта и прежи...
3 кратки класични романи (што секој интелектуалец треба да ги прочита) Сакате да читате класици, но ве фаќа уплав од големите и обемни дела на познатит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg