Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сите љубители на животни мора да ги прочитаат овие книги

Книгите во кои главниот лик е животинче несомнено се забавни и имаат поинаква атмосфера. Тие ја будат нашата емпатична страна и нé потсетуваат на онаа чиста форма на љубов.

Site-ljubiteli-na-zivotni-mora-da-gi-procitaat-ovie-knigi-01.jpg

Доколку ги сакате животните и имате милениче, едноставно мора да пронајдете малку време и да ги прочитате следните 4 книги:

Уличниот мачор Боб – Џејмс Бовен

Оваа вистинска приказна ќе ви го стопли срцето. Џејмс е поранешен зависник и одвај скрпува крај со крај како уличен музичар во Лондон. Но, еден ден во неговиот влез ќе се појави чудниот портокалов мачор кој одбива да замине.

Мачорот Боб и Џејмс ќе станат неразделни пријатели и ќе добијат втора шанса во животот. Оваа двојка е неверојатно славна, а книгата е веќе адаптирана и во филм.

Site-ljubiteli-na-zivotni-mora-da-gi-procitaat-ovie-knigi-02.jpg

Вода за слонови – Сара Груен

Маестралната „Вода за слонови“ е уште еден доказ колку животните можат да нé научат на сочуство, верност и љубов.

Сеќавањата на 93-годишнот Џејкоб кој во младоста работел во огромен циркуз сведочат за мајмунот Бобо, кученцето Квини и секако, слоницата Рози. Авантурите на животните испреплетени со човечките судбини, сето под магијата на циркускиот шатор, каде што се случува и љубовта.

И оваа книга има филмска верзија со Роберт Патинсон и Рис Витерспун во главните улоги.

Site-ljubiteli-na-zivotni-mora-da-gi-procitaat-ovie-knigi-03.jpg

Животинска фарма – Џорџ Орвел

Култната и незаменлива фарма на Орвел претставува интелигентна сатира напишана на сосема едноставен стил, но со длабока метафора. Како функционира пропагандата и перењето на мозокот за време на режими е најдобро прикажано со животните од фармата Мејнор, чија желба е да се ослободат од ропството и сите да бидат еднакви и да ги имаат истите права.

Но, слично како и во вистинскиот живот, не заборавајте – Сите животни се еднакви, но некои се поеднакви од другите.

Site-ljubiteli-na-zivotni-mora-da-gi-procitaat-ovie-knigi-04.jpg

Фантастичниот господин Лисец – Роалд Дал

Оваа детска книга останува една од најомилените на различни генерации. Фантастичниот господин Лисец ќе ископа неверојатна мрежа на подземен тунел со цел да го спаси своето семејство од смрт и глад, сладејќи се со вкусната храна од визбите на тројцата злобници кои живеат над неговото дувло.

Site-ljubiteli-na-zivotni-mora-da-gi-procitaat-ovie-knigi-05.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
Три книги за сечиј вкус, одлични за празничните денови Книга за необично пријателство, морничав трилер и силен роман за љубовта и прежи...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
Прва книга од нашата млада писателка Драгана Љотовска - Прирачник за личен и духовен развој На 12.02.2025г. се одржа промоција на првата книга на авторката Драгана од Скопј...
Три љубовни книги за романтични души Нетрпеливост која прераснува во привлечност, лага која води до љубов, љубов и од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg