3 книги кои го раскажуваат ужасот на Втората светска војна

Книгите не секогаш умеат да бидат слатки и пријатни за читање. Кога темата на раскажувањето е војна, тогаш тие се сурови и потресни, а нивната содржина длабоко се врежува во вас и ве прогонува и неколку денови по завршувањето на последната страница.

Izasot-na-Vtorata-svetska-vojna-ispishan-vo-3-knigi-01.jpg

Но, некогаш е добро да се прочитаат книги испишани со ужас предизвикан од човекот, за да се потсетиме на цената на слободата која често ја земаме здраво за готово.

Подгответе си паломи, ќе ви бидат потребни откако ќе ги прочитате:

Крадци и проститутки – Рута Шепетис

Лина не е ништо поразлична од секоја друга 15-годишна девојка, таа сака да слика и има симпатии. Една вечер нивниот живот и дом ќе биде превртен наопаку откако советските војници на Сталин ќе ги набуткаат во валкан воз. Лина го споделува хоророт заедно со мајка си и помалото братче во возот означен со табла „Крадци и проститутки“.

Пристигнувајќи во Сибир, тие се приморани да работат во најсурови услови доколку сакаат да преживеат. Девојката ги портретира сите стравови и ужаси, со надеж дека цртежите некако ќе стигнат до логорот каде што е заробен нејзиниот татко, само за да знае дека се живи. Неверојатната љубов, сила и надеж испреплетени низ 260 страници ќе ви го земат здивот и ќе ви го заробат срцето.

Izasot-na-Vtorata-svetska-vojna-ispishan-vo-3-knigi-02.jpg

Раскажувачката – Џоди Пико

Младата пекарка Сејџ Сингер имала тешко детство и тинејџерство. Таа е сирак, нејзиниот живот е исполнет со видливи и невидливи лузни.

Се спријателува со еден старец кој е омилен во заедницата, а еден ден тој ја замолува да го убие. Сејџ е шокирана и одлучно го одбива, но старецот започнува да ѝ ја раскажува својата приказна и таа сфаќа дека неговите злосторства треба да бидат казнети. Кој ќе ја земе правдата во свои раце?

Три приказни се испреплетуваат во овој неверојатен роман кој ќе ве остави будно до доцна во ноќта, со многу прашалници во умот.

Izasot-na-Vtorata-svetska-vojna-ispishan-vo-3-knigi-03.jpg

Војната нема женско лице – Светлана Алексиевич

За време на Втората светска војна, околу еден милион жени се бореле на страната на Црвената армија, но тие се третираат како невидливи, фантоми за кои никогаш не се пишува ништо. Собрани спомени од стотици жени на едно место, од оние кои се бореле, до болничарките и сите кои зеле учество во суровата војна на кој било начин.

Ова е приказна за жените во војната, што им се случувало и како таа ги променила. Тие ја раскажуваат и онаа другата, нехеројската страна на војната, која сите ја подзаборавааат или ја кријат под тепихот.

Тие отворено говорат за „валканоста и за студот, за гладот и за сексуалното насилство, за проблемите и за сенката на смртта“. Трогателна книга, која била објавена првпат во 1985 година, а подоцна дополнета во 2002, со материјалите што биле цензурирани бидејќи првично не било дозволено да се објават.

Izasot-na-Vtorata-svetska-vojna-ispishan-vo-3-knigi-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg