Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Детективски книги кои ќе ве остават со подотворена уста

Доколку сте љубител на мистериозни приказни и ги сакате оние во кои детективскиот лик е двигател на целото дејство, тогаш овие 3 книги се одличен избор.

3-detektivski-knigi-koi-ke-ve-ostavat-so-podotvorena-usta-01.jpg

Кој не го сака ексцентричниот Шерлок Холмс, симпатичниот и тивок Херкул Поаро или меланхоличниот Хари Хуле? Со сигурност ќе уживате во мајсторското раскажување на овие култни и докажани автори во жанрот детективски мистерии.

Несомено, овие 3 книги ќе ве остават без сон и со подотвена уста:

Азбучните убиства – Агата Кристи

Многумина го сакаат Убиство(то) во Ориент Експрес(от), но вистинските обожаватели на стилот на Агата Кристи ја признаваат Азбучни убиства како мајсторско дело. Нејзиниот херој, детективот Поаро постојано добива писма од сериски убиец кој му го најавува секое следно злосторство.

Неговиот потпис Еј-Би-Си и убиствата по азбучен редослед, како и железничкиот водич кој е оставен покрај секоја жртва се траги кои ги збунуваат сите, освен проникливиот белгиски детектив. Кој е вистинскиот убиец?

3-detektivski-knigi-koi-ke-ve-ostavat-so-podotvorena-usta-02.jpg

Дух – Ју Несбе

Приказната се протега низ три различни години. Започнува во далечната 1944 година, за време на Втората светска војна, кога во рововите на Ленинград, едно забавно и енергично момче во име Даниел ќе го загуби својот живот. Истовремено, во една воена болница се појавува ранет војник кој се претставува со неговото име.

Во 1999 година, детективот Хари Хуле е на мисија да ги провери сите информации поврзани со тајниот шверц на оружје со контактите во нацистичката околина. Една година подоцна, на улиците каде владее суровата ословска зима се појавува стар човек, со една мисла во умот – убиство и освета за минатото. Возбудлива приказна чии страници не се пуштаа од рака.

3-detektivski-knigi-koi-ke-ve-ostavat-so-podotvorena-usta-03.jpg

Долината на стравот – Артур Конан Дојл

Господинот Даглас од дворецот во Бирлстоун е во смртна опасност. Шерлок Холмс добива кодирана порака, но пред да успее да стори што било, се открива дека главата на Даглас е разнесена со сачмарка. Британската полиција е збунета – дали се работи за убиство или самоубиство?

Сите освен Шерлок Холмс се под импресии дека се работи за класично самоубиство. Но, Холмс има причина поради која не мисли исто како останатите. Кодираната порака е од агентот на неговиот вечен непријател – Мориарти.

3-detektivski-knigi-koi-ke-ve-ostavat-so-podotvorena-usta-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg