Препорачуваме: 5 романтични книги кои ќе ве убедат дека љубовта е насекаде

Љубовта е насекаде околу нас во различни форми и облици, особено во претпразничниот период. Зимата и празниците носат една особена магија, на вљубување, простување и зацврстување на врските.

5-romanticni-knigi-koi-odlicno-ke-vi-go-zbogatat-pretpraznicniot-period-01.jpg

За сите оние кои не можат да живеат без таа доза на романтика, ви ги препорачуваме следните 5 книги кои ќе ве облеат со надеж и љубовна енергија и ќе ве разгалат во овој магичен претпразничен период:

Спаси ме – Гијом Мисо

Судбината ги спојува Жилиет и Сем една зимска вечер на Бродвеј. Тие премолчуваат неколку важни детали од сопствените животи еден пред друг, но поминуваат еден незаборавен викенд, вљубувајќи се силно и искрено.

Жилиет мора да се врати во Париз, а Сем не може да ги пронајде вистинските аргументи за да ја одврати од намерата да замине. Кога авионот полетува, се случува експлозија. Дали љубовта завршува тука?

5-romanticni-knigi-koi-odlicno-ke-vi-go-zbogatat-pretpraznicniot-period-02.jpg

Кога дува северецот – Даниел Глатауер

„Пиши ми Еми. Пишувањето е како бакнување, но без усни. Пишувањето е како бакнување со умот“. Двонасочните пораки помеѓу Еми и Лео започнуваат во моментот кога таа сака да се откаже од претплатата на едно списание, но го праќа мејлот на погрешна адреса. Двајца странци започнуваат да споделуваат интимни мисли и чувства.

Но, Еми е среќно мажена, а Лео се обидува да се ослободи од замрсеното љубовно минато. Колку е тенка границата помеѓу флертот и неверството, макар и он-лајн?

5-romanticni-knigi-koi-odlicno-ke-vi-go-zbogatat-pretpraznicniot-period-03.jpg

Зајдисонце – Катерина Џатева

Користејќи го отсуството на својот свршеник Ник, енергичната Кармен се запишува на часови по танцување, а инструкторот Соф веднаш го буди нејзиниот интерес. Тие започнуваат љубовна афера, која очигледно не покажува знаци на ограничен рок на траење.

Мислите во главата на неверната жена ескалираат. Како ќе резултираат нејзините одлуки врз иднината?

5-romanticni-knigi-koi-odlicno-ke-vi-go-zbogatat-pretpraznicniot-period-04.jpg

Првиот последен бакнеж – Али Харис

Уште при првиот бакнеж помеѓу Моли и Рајан, таа чувствува дека го нашла човекот на својот живот. Но, 6 години подоцна и премрежија, подеми и падови позади нив, се случува нешто кое никој не може да го предвиди. Љубовта полека се лизга низ прстите на двајцата луѓе.

Ова е една топла, искрена и пред сè друго човечна приказна, за вљубувањето и одљубувањето, неверството, тагата и разделбата.

5-romanticni-knigi-koi-odlicno-ke-vi-go-zbogatat-pretpraznicniot-period-05.jpg

Да се сака со отворени очи – Хорхе Букај

Лаура му праќа мејлови на Фреди со искрени совети на темата љубов, заљубување, врските и бракот. Тие по грешка завршуваат кај експертот за маркетинг Роберто, кој без размислување го брише првиот мејл. Но, тие не престануваат да пристигнуваат. Роберто целосно ќе се навлече на писмата од Лаура, што ќе го преземе идентитетот на Фреди и ќе започне самиот да ѝ враќа на писмата, изнесувајќи ги своите ставови и најинтимните чувства и копнежи.

Хорхе Букај е еден од најомилените и најчитаните психотерапевти во светот, со добра причина.

5-romanticni-knigi-koi-odlicno-ke-vi-go-zbogatat-pretpraznicniot-period-06.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg