Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нови возбудливи книги за совршено читачко попладне

Немате идеја што да прочитате следно? Време да ги активирате мозочните келии со интересни и возбудливи содржини.

5-novi-vozbudlivi-knigi-za-sovrseno-citacko-popladne-01.jpg

Книга која ќе ви ја врати вербата во љубовта, одличен трилер проткаен со мистерија, општествено-егзистенцијална тема, совети за поквалитетно здравје и сосема на крај, езотерична книга која зборува за најлошата кучка од сите – кармата.

Погледнете ги петте предлози, со сигурност некоја од следните книги ќе ви го привлече вниманието и ќе посакате да ја ставите на листата за читање:

Во еден момент – Гијом Мисо

Најпродавната книга за месец септември, во типичен раскажувачки стил на французинот Мисо, ја следи приказната на Лиза и Артур.

Тие можат да се видат само еднаш годишно. Артур не е како секој друг обичен маж и наскоро ќе ѝ ја открие неверојатната приказна на Лиса, и причината зошто не може да ја планира својата иднина со неа.

Во вртлогот од настани кои заземаат место во Њујорк, ќе се соживеете со оваа љубовна приказна и со сигурност ќе ја дадете книгата за читае на некој друг.

5-novi-vozbudlivi-knigi-za-sovrseno-citacko-popladne-02.jpg

Терапија – Себастијан Фицек

Без никакви траги, сведоци, ниту тело, фрустрирачка истрага која не носи никаков резултат.

Во потрагата по исчезната 12-годишна ќерка на познат психолог, 4 години подоцна мистеријата сè уште е неразрешена.

Нејзиниот татко Виктор е уништен и воедно пензиониран од својата професија. Одеднаш на прагот се појавува Ана која страда од необична форма на шизофренија и во своите халуцинации опишува девојче кое неодоливо потсетува на исчезнатата ќерка на Виктор.

Ќе се открие ли конечно вистината за исчезнатото дете?

5-novi-vozbudlivi-knigi-za-sovrseno-citacko-popladne-03.jpg

Отфрлена - Луиџи Пирандело  

Ова е првиот роман на авторот, кој воедно е добитник на Нобеловата награда за литература во 1934 година. Во фокусот на книгата е судбината на Марта, жена која е отфрлена од општеството во коешто живее.

Избркана од домот од страна на својот сопруг поради сомнеж за неверство, Марта се бори со своите внатрешни демони и дилемата дали да се биде свој или по секоја цена да се слееш во калапот во кој си принуден да живееш.

5-novi-vozbudlivi-knigi-za-sovrseno-citacko-popladne-04.jpg

Сакајте се себеси до совршено здравје - Лујза Хеј  

Ќе ја засакате оваа книга бидејќи е практичен прирачник за лекувае на умот, душата и телото.

Животот и здравјето се лекуваатне само со хранливите состојки, туку со совршен баланс на позитивното мислење, расположението и животната енергија.

Низ низа едноставни рецепти, Лујза Хеј ја открива тајната за долговечност, здравје и среќа и како да го слушате и сакате своето тело.

5-novi-vozbudlivi-knigi-za-sovrseno-citacko-popladne-05.png

Карма - Терон К. Димон  

Причина и последица. Секаде каде што се вклучени овие две последоватени нешта е совршен пример за кармата.

Онаа божествена, моќна сила која уште еднаш го потврдува правилото „Сè се враќа, сè се плаќа“ ќе ви фрли нова светлина на поимањето на животот.

5-novi-vozbudlivi-knigi-za-sovrseno-citacko-popladne-06.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 предлог книги од нашата букстаграмџика Симона Мано „'Полноќната библиотека' од Мет Хејг ми е една од омилените книги. Немам доволно...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
Прва книга од нашата млада писателка Драгана Љотовска - Прирачник за личен и духовен развој На 12.02.2025г. се одржа промоција на првата книга на авторката Драгана од Скопј...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 одлични книги за самопомош, што ќе ви ги откријат тајните за поголем душевен мир Како да научите да се ослободите и да побегнете од перфекционистичките очекувања...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg