Потврдено: Луѓето кои читаат книги живеат подолго
Научниците конечно докажаа дека читањето, покрај тоа што ве ослободува од стресот и напнатоста носи уште една многу важна придобивка за човечкиот живот.
Според истражувањето спроведено од страна на Авни Бавиши, Мартин Д. Слејд и Бека Р. Леви од Универзитетот Јејл луѓето кои редовно читаат книги живеат подолго од другите.
Истражувањето кое траело 12 години вклучувало 3,6 илјади повозрасни машки и женски испитаници. Групата била разновидна и била составена од луѓе кои секој ден читале, до луѓе чиј единствен допир со книгите бил моментот на бришење прашина од нив.
Резултатите покажале дека луѓето кои сакаат да читаат и редовно го прават тоа, живеат во просек 2 години подолго од останатите.
Помеѓу повозрасните луѓе, оние кои имале навика да читаат околу 3-5 часа или повеќе неделно ризикот од смрт во следните 12 години е намален за 20% во споредба со другите повозрасни лица.
Сепак она што е важно да се истакне е дека читањето книги е тоа кое ви помага да живеете подолго, додека читањето весници е нешто кое баш и не покажало некаков забележителен резултат.
Придобивките од читањето, покрај ослободувањето од стресот и напнатоста, му овозможуваат на вашиот мозок да остане млад подолго време, истовремено зголемувајќи го нивото на интелигенција, преку зголемување на бројот на невронски поврзувања во мозокот.
Читањето исто така го одложува стареењето и значително ја намалува можноста за развивање на Алцхајмерова болест.
Затоа, воопшто не двоумете се за тоа како да го исполните слободното време. Ако немате идеја што да прочитате, изберете некој од насловите кои ние ви ги предложуваме за читање овој месец.
М. С. | Црнобело