3 предлог книги од кралицата на психолошките трилери - Џилијан Флин

Доколку не сте прочитале ништо од неа, потребно е да ја поправите грешката во најкраток можен рок.

dzilijan-flin-kralicata-na-psiholoskiot-triler-001.jpg

45-годишната американска писателка го има вистинскиот рецепт за пишување одлични трилери, кои се исполнети со адреналин, мистерија и напнатост до последната страница.

Романите се читаат со неверојатна брзина, секоја наредна страница како да се врти самата.

Џилијан има неверојатно чувство за создавање мрачни приказни и изопачени ликови. Таа внимава на сите детали и можеби затоа нејзините вознемирувачки книги се меѓу најпродаваните психолошки трилери на сите времиња.

Остри предмети (Sharp Objects)

Е првата книга, издадена во 2006-та година.

Главниот лик, новинарката Камила Прикер добива задача да го истражи убиството на две девојчиња во нејзиниот роден град. Тоа значи и неминовна средба со нејзината хипохондрична мајка и полусестрата која едвај ја познава. Камила крие длабока тајна од минатото, која неуспешно се обидува да ја избрише од своите сеќавања. Истражувајќи го мистериозното двојно убиство, Камила ќе мора да се соочи со сопствените демони...

Мрачни места (Dark Places)

Го доживува светлото на денот во 2009-та година.

Во мало провинциско гратче, каде што сè навидум изгледа мирно, се случува масакр на едно сиромашно семејство. Мајката и двете девојчиња се убиени. Единствената преживеана, Либи Деј, успева да побегне низ прозорецот, а братот Бен Деј е обвинет за тројно убиство.

25 години подоцна, додека Бен ја отслужува затворската казна, клопчето на злосторството започнува да се одмотува. Дали Бен е вистинскиот убиец?

Грозоморна приказна, чиј неверојатен крај никогаш не би можеле да го предвидите.

Ејми ја нема (Gone Girl)

Ејми ја нема е новелата со која Флин доживеа планетарен успех. Приказната за Ејми Дан е трилер-сензација, која нема никого да го остави рамнодушен.

Ејми и Ник се подготвуваат да ја прослават петтата годишнина од бракот, кој однадвор изгледа совршен. Одеднаш, паметната, духовита и неверојатна сопруга на Ник, исчезнува од куќата. Сите погледи се свртени кој нејзиниот маж, кој изгледа прилично сомнително, но дали тој е виновникот за исчезнувањето на Ејми? Каде е таа?

Оваа генијална и заплеткана приказна ќе ве остави без сон.

Jilian-flin-kralicata-na-psiholoskite-trileri-02.jpg

Последните два романи се веќе екранизирани на филмското платно. Главната улога во „Dark Places” ѝ припадна на фантастичната Шарлиз Терон, а во „Gone Girl” се појавуваат Бен Афлек и Розамунд Пајк.

Обично велиме дека филмовите никогаш не се како книгите, но овие два се приближно совршена филмска верзија на книжните изданија.

Во секој случај, ви ги препорачуваме двете варијанти.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 трилери што нема да ви дадат мир додека не ги завршите Љубителите на крими романи и трилери може да прочитаат неколку нови книги кои се...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg