Препрочитајте ги повторно: Детски приказни кои имаат многу подлабоко значење отколку што мислите
Детството можеби си заминува како што поминува времето, но засекогаш останува во нашите срца. Можеби токму затоа, сè уште, многумина од нас ги сакаат бајките и приказните.
Голем дел од тие приказни вреди одново и одново да ги читате, дури и кога сте возрасни, бидејќи тогаш сфаќате дека овие магични приказни во себе содржат многу повеќе, подлабоки тајни, отколку што сте мислеле.
Секоја бајка или приказна во себе има уште еден таен „слој“ на пораки.
Неколку познати приказни кои вреди уште еднаш да ги прочитате, па и да ги препрочитувате:
1. „Малиот Принц“ - Антоан де Сент Егзипери
„Возрасните сакаат факти. Кога им опишувате нов пријател, тие никогаш не те прашуваат за важните работи. Никогаш не велат: „Каков му е гласот?“, „Кои игри му се омилени?“, „Дали е колекционер на пеперутки?“. Наместо тоа, тие сакаат да знаат колку е стар, колку браќа има, колку тежи, колку заработува неговиот татко.“
Мал цитат кој со сигурност сега го гледате со сосема поинакви очи, отколку кога првпат ја читавте оваа книга како дете.
2. „Мери Попинс“ - Памела Травелс
„Дали и ние ќе живееме среќно до крајот на животот?“ - праша тој.
На нејзиното лице се појави половична насмевка, малку нежна, малку носталгична.
„Можеби“ - кажа додека продолжи да мисли.
„Зависи“ - додаде.
„Од што зависи Мери Попинс?“
„Од тебе“ - рече тивко.
3. „Вини Пу“ - Александер Ален Милн
„Зајакот е паметен“ - рече Пу.
„Да“ - одговори прасето.
„Зајакот е паметен и има мозок“ - додаде.
Настана долга тишина.
„Претпоставува затоа не разбира ништо“ - рече Пу, по долгиот молк.
4. „Алиса во земјата на чудата“ - Луис Карол
„Ќе ми кажеш каде треба да одам?“ - праша Алиса.
„Тоа зависи од тоа каде сакаш да стигнеш“ - одговори Мачорот.
„Не ми е грижа каде, само ако стигнам некаде“ - рече Алиса.
„Тоа сигурно ќе се случи, ако одиш доволно долго“ - одговори Мачорот.
5. „Кадифениот зајак“ - Марџери Вилијамс
„Вистински не можеш да бидеш направен, туку можеш да станеш, да ти се случи. Кога дете те сака доволно долго, не само да си игра со тебе, туку НАВИСТИНА те сака, тогаш ќе станеш Вистински“
„Дали боли?“ - праша зајакот.
„Понекогаш, ама нема да ти пречи“ - одговори коњот.
„Не се случува сè одеднаш, потребно е време“ - додаде.
Н. Г. | Црнобело