Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Силата на книгата - може да сруши или да издржи цел еден ѕид

Силата на книгите е огромна, несовладлива и безвременска. Книгите се најдобриот пријател на луѓето кој во ниту еден момент нема да ги напушти.

silata-na-knigata-moze-da-srusi-ili-da-izdrzi-cel-eden-dzid-01.jpg

Оваа фотогрфија на Хорхе Мендез Блејк ја покажува силата на книгите на еден сосема неконвенционален начин. Неговата постапка ни покажува не само на метафоричен туку и на буквален начин колкаво е влијанието на книгите.

silata-na-knigata-moze-da-srusi-ili-da-izdrzi-cel-eden-dzid-02.jpg

Она што тој сака да го покаже на еден алегориски начин е дека ако еден ѕид може да се искриви само со поставување на една книга во неговата основа, замислете што би можеле да направат пет, десет, педесет книги...

Вашиот ум е ѕидот кој го гледате на сликата, со само една прочитана книга вашиот поглед на светот станува поинаков, вашите ѕидови се поместуваат и станувате отворени за многу нови работи.

Секоја нова прочитана книга ги урива ѕидовите кои сте ги изградиле околу вас и ве прави подобра личност, подготвена да го разбере светот и луѓето во него, подготвена да им помогне на другите и да придонесе за создавање на еден подобар свет.

Уривајте ги ѕидовите околу вас и градете нови ѕидови од книги бидејќи тие не само што ќе ве заштитат од невремињата низ животот туку и ќе ви помогнат да станете посреќна, поисполнета и подобра личност.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 кратки класични романи (што секој интелектуалец треба да ги прочита) Сакате да читате класици, но ве фаќа уплав од големите и обемни дела на познатит...
„Тони“ и уште 2 книги од Румена Бужаровска кои ќе ве насмеат и замислат Приказната за некогашниот скопски фраер Тони, кој и на 53 години живее со мајка ...
3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...
Првата поетска книга од младата авторка и поетеса Викторија Стојовска - „Парчиња од себеси“ Деновиве од печат излезе „Парчиња од себеси“ - првата поетска книга од младата а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg