Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 причини зошто треба да читате поезија

Ако не сте во средно училиште или не полагате испит, веројатно не читате често поезија. Можеби мислите дека поезијата не е за вас, бидејќи изгледа здодевно, патетично или бесмислено. 

Sest-pricini-zosto-treba-da-citate-poezija

Сепак, постојат многу причини поради кои би требале да читате поезија, а ова се шест причини веднаш да почнете со читање:

1. Не ви е потребно многу време за читање

Можете лесно да прочитате кратка песна, или повеќе кратки песни. За време на пауза, додека чекате ред во банка или додека јадете сендвич. Ако немате навика да читате романи обидете се да читате поезија.


2. Поезијата го подобрува вашиот вокабулар

Еден од најдобрите причини да читате поезија е што ова е одличен начин да го подобрите вашиот вокабулар. Ако вашиот вообичаен материјал за читање се состои од списанија, весници и блогови, веројатно нема да бидете во можност да научите нови зборови.


3. Поезијата ви дава нови идеи

Како и секоја книга, поезија може да го отвори вашиот ум за нови идеи. Можете да прочитате поема од сосема поинаква култура, напишана од некој постар или многу помлад од вас. Една песна може да ви даде увид во проблемот со кој се соочувате. Песните користат симболика која може да ви помогне да станете повеќе свесни за себе и за светот околу вас.


4. Поезија ви го покажува светот во ново светло

Една од задачите кои добар поет се обидува да ги постигне е да ви го покаже светот од поинакви аспекти, односно во ново светло. Тие можат да ви дадат поинакво гледање и разбирање на одредена фраза или слика на која ќе гледате на сосема нов и поинаков начин.


5. Поезијата ве тера да мислите

Ако мислите дека одредена песна е тешка, тоа не треба да ве исплаши. Со читање на комплицирани работи вашиот ум и ве принудува да размислувате. Дури и кога читате песни кои не ви се допаѓаат можете да дознаете што е тоа што го мразите во нив.


6. Поезијата е забавна

Треба да уживате во читање поезија, бидејќи одредени песни можат да бидат многу смешни и забавни.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
3 класични дела кои не смеете, а да не ги прочитате Кога на училиште ќе требаше да се обработува лектира која е на листата „светски ...
Новица Коцев стои зад Инстаграм магијата и зборовите на WordsByNoko Во огромниот свет на социјалните медиуми, каде што визуелното често доминира, Wo...
Македонски автори и светски класици - Книги по препорака од нашите инфлуенсери Кои им се омилени книги на нашите инфлуенсери? Едни избираат дела од домашни авт...
3 летни приказни за авантуристи и романтични души Ако сте романтичар и уживате во љубовните приказни, тогаш овие три романи се сов...
Интересни книги од регионални автори кои нема да можете да ги оставите Приказна за адвокат кој се наоѓа во санаториум, тинејџерска книга која ќе ве зам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg