Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 книги кои треба да ги прочитате пред да се екранизираат во 2016-та

Доколку спаѓате во онаа група на луѓе кои сметаат дека книгата е секогаш подобра од филмската верзија, имате уште малку време да ги прочитате книгите кои се планира да се екранизираат во текот на 2016-та.

4-knigi-koi-treba-da-gi-procitate-pred-da-se-ekraniziraat-vo-2016-ta-001.jpg

Холивуд во последно време сè повеќе бестселерите ги претвора во блокбастери, но додека сме во исчекување на филмските адаптации, збогатете се со уште барем едно книжевно дело.

1. Allegiant – Вероника Рот

Датум на премиера на филмот: 18-ти март

Ако мислевте дека третиот и последен дел од трилогијата Divergent не може да биде повозбудлив, се излажавте. Трис и Четири овојпат тргнуваат во истражување на надворешниот свет, со надеж дека конечно ќе ги најдат одговорите кои долго ги интересираат. Покрај тоа, драмата, адреналинот и хаосот ескалираат во овој дел.

4-knigi-koi-treba-da-gi-procitate-pred-da-se-ekraniziraat-vo-2016-ta-1.jpg


2. The Girl on the Train – Пола Хокинс

Датум на премиера на филмот: 7-ми октомври

Романот на Пола го очекуваме на филмското платно со Емили Блант во главната улога. Овој психолошки трилер всушност е приказна за девојка која со игра на случајноста станува сведок на убиство. Така станува вплеткана во мистеријата и понатамошното истражување.

4-knigi-koi-treba-da-gi-procitate-pred-da-se-ekraniziraat-vo-2016-ta-2.jpg


3. Fantastic Beasts and Where to Find Them – Џ. К. Роулинг

Датум на премиера на филмот: 18-ти ноември

Поминаа долги 4 години откако бевме сведоци на последниот дел на Хари Потер, а сега Џ. К. Роулинг се враќа со уште една магична приказна. Во книгата и филмот се работи за момче кое е во потрага по магични суштества. Па, ако го сакавте Хари Потер, сигурно ќе ве привлече и оваа приказна.

4-knigi-koi-treba-da-gi-procitate-pred-da-se-ekraniziraat-vo-2016-ta-3.jpg


4. Let It Snow – Џон Грин

Датум на премиера на филмот: 9-ти декември

Вистинска љубовна приказна која поврзува три романси кои се одвиваат за време на Бадникова вечер. Гужвата која трае во текот на целата ноќ, го претвора малото гратче во љубовна, романтична оаза. Барем до некаде...

4-knigi-koi-treba-da-gi-procitate-pred-da-se-ekraniziraat-vo-2016-ta-4.jpg

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лисица“ и уште 2 книги од Дубравка Угрешиќ кои вреди да се прочитаат Сте прочитале ли некогаш некоја книга од Дубравка Угрешиќ? Ако не, време е да се...
Популарни книги за самопомош, што целосно ќе ви го променат погледот на бизнис светот Три книги што се наменети за оние што сакаат да напредуваат во бизнисот, а на ко...
3 летни приказни за авантуристи и романтични души Ако сте романтичар и уживате во љубовните приказни, тогаш овие три романи се сов...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg