Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Познати книги инспирирани од реални злосторства

Добро публициран криминал може да го привлече вниманието на целата генерација. Криминалот, токму затоа, често е интересна тема за читателите.

poznati-knigi-inspirirani-od-realni-zlostorstva-01.jpg

Поради ова многу писатели пишувале криминални романи, или романи напишани за криминал и убиства. Некои од најголемите примери на светската литература се справувале со криминалот и луѓето кои го вршеле истиот.

Ова се познати книги инспирирано од реални злосторства:

Големиот Гетсби

Познат роман на Френсис Скот Фицџералд ги опишува деталите од животот на Џеј Гетсби, поранешниотфармер кој станува популарен џет сетер. Еден, навидум безгрижен плејбој со бесконечна сума на богатство, всушност е фалсификатор. Гетсби е лик создаден според Arnold Rothstein, познат коцкар кој бил убиен додека играл карти во 1928-ма година.


Девојката со тетоважа на змеј

Првата книга објавена постхумно на Стиг Ларсон - Девојката со тетоважа на змеј, од трилогијата Милениум, брзо стана хит по објавувањето во 2005-та година. Од тогаш, романот е продаден во милиони примероци низ целиот свет.

Шведскиот роман, кој првично беше насловен како Мажите кои ги мразат жените, се занимава со случајот на клевета против истражниот новинар Микаел Бломквист.

Тој ја запознава Лизбет Саландер, поранешниот хакер која преживеала силување. Заедно го бараат серискиот убиец.

Ларсон, кој бил и самиот новинар и основач на екстремно левичарското списание - Експо, сакал да напише роман за истражувањето на случајот на Catrine da Costa, 28-годишна проститутка и зависник од хероин која била пронајденамртва, а парчиња од нејзиното тело биле расфрлани низ Стокхолм во текот на 1984 година.

Првично се сметало дека е жртва на двајца лекари, од кои едниот бил форензички патолог. Иако лекарите биле уапсени за убиството, случајот  никогаш не бил решен.


Пеколен портокал

Пеколен портокал е без прашање најсуровата книга на оваа листа. Напишана од британскиот писател Антони Барџис во 1962 година, романот ја претставува дистописката Англија.

Романот на Барџис ја нагласува идејата дека насилството е вродено во човечкиот карактер. Само зрелост, тврди Барџис, може да ги ослободи луѓето од насилство.


Злосторство и казна

Расколников е создаден според Леополд и Лоеб, двајца високо образовани и богати момчиња од Чикаго момчиња кои убиле 14-годишно момче - Боби Франкс.

Другата инспирација му бил Pierre Lacenaire, убиец и измамник кој ги документиралсвоите злосторства како дел од филозофија: „ Да се ​​убие без каење е најголемото задоволство.“

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тони“ и уште 2 книги од Румена Бужаровска кои ќе ве насмеат и замислат Приказната за некогашниот скопски фраер Тони, кој и на 53 години живее со мајка ...
Предлог наслови од познатите Македонци: Која книга им оставила најголем впечаток? Кои им се омилени книги на познатите Македонци? Која е една книга што им оставил...
Три божиќни книги кои ќе ве расположат во празничните денови Замислете си ја следнава идилична слика - надвор студи и врне снег, а вие сте до...
Промоцијата на вториот роман на 23-годишниот писател Павел Миленковски – Рогоз На 5 февруари 2024 година, Домот на млади во Штип беше домаќин на незаборавна кн...
3 книги за млади што можете да ги прочитате за време на пролетниот распуст Три романи наменети за младите читатели. Идеални за да одморите од лектирите и к...
3 предлог книги од нашата букстаграмџика Симона Мано „'Полноќната библиотека' од Мет Хејг ми е една од омилените книги. Немам доволно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg