5 фасцинантни приказни зад најпознатите книги на Стивен Кинг
Стивен Кинг е еден од најголемите писатели на сите времиња, а својата популарност ја стекнал поради моќта да го шокира читателот. Но, од каде ги црпел идеите за своите приказни?
Повеќето писатели ќе ви кажат дека идеја за роман може да изникне од никаде, без вистински контекст. Многу од делата на Стивен Кинг се резултат на одредени инциденти или настани кои му се случиле на авторот лично.
Ова се некои од нив:
1. „Pet Sematary“
Познатата книга и уште повеќе познатиот истоимен филм од 1989 година зборува за еден човек кој ја користи моќта на античките гробишта да го оживее неговиот починат миленик.
Сценариото потсетува на еден период во животот на авторот, кога тој живеел во Мејн каде бил универзитетски професор, а универзитетот се наоѓал веднаш до прометна улица. Поради честите сообраќајни несреќи во кои гинеле домашните миленичињата, локалните деца изградиле гробишта за миленичиња во поле во близина на куќата на Кинг.
2. „The Shining“
Сјаењето, култниот трилер од 1980 година бил инспириран од стариот хотел. Во 1974 година Кинг и неговата сопруга поминале една ноќ во „големиот стар хотел" во Естис парк наречен Стенли.
Тие биле единствените гости во хотелот. Една ноќ, Кинг имал кошмар во кој неговиот син бил изгорен од оган. Истата вечер ја напишал приказната.
3. „The Mist”
Маглата е инспирирана од грмотевици и посета на супермаркет. Една ноќ, Кинг бил сведок на особено агресивни грмотевици.
Следниот ден, отишол во супермаркет со неговиот син каде што имал визија за она што тој го нарекувал „големи праисториски рептили" кои летале наоколу.
4. „Misery”
Доколку мислевте дека Кинг инспирацијата за своето ремек дело „Misery” ја добил од личното искуство со своите фанови, тогаш не сте во право.
Оваа приказна била инспирирана од расказот „Човекот кој го сакаше Дикенс" од Евелин Воуг. Приказната била за еден човек кој бил затвореник во Јужна Америка од страна на неговиот шеф кој ги сакал приказните на Чарлс Дикенс.
5. „Carrie“
Инспирацијата за карактерот Кери била составена од две девојчиња кои Кинг ги познавал во средното училиште. Приказната во голема мера зборува за женската сила и страв од сексуалноста.
М. А. | Црнобело