Одлични книги за одлична есен

Читањето книги може да ги разубави студените есенски денови. Има книги кои ќе ви ја стоплат душата подобро од било кое ќебе или топол пијалак.

odlicni-knigi-za-odlicna-esen-01.jpg

Токму затоа направивме листа од добри книги за читање за сите љубители на пишаниот збор.

„Заговорот Моцарт“ – Скот Маријани

Која е вистината зад смртта на Моцарт? Оливер Левелин ќе влезе на трагата на секта која постои векови наназад, а која го крие одговорот на ова прашање. Оваа истрага за него ќе значи смрт. Некое време подоцна, неговата сестра Ли бара помош од поранешниот специјалец Бен Хоуп за да дознаат што се случило со Оливер. Оваа потрага ќе ги соочи со изопачени луѓе кои поседуваат неверојатна моќ.

odlicni-knigi-za-odlicna-esen-02.jpg


„Ајнштајновата девојка“ – Филип Сингтон

Ова е одличен предлог за љубителите на историски трилери. Дејството се одвива меѓу двете светски војни. Романот е инспириран од тајните писма на Алберт Ајнштајн напишани до неговата прва сопруга, Милева Мариќ. Мартин Кирш е психијатар кој сака да го дознае идентитетот на млада девојка пронајдена во близина на Берлин. Таа не знае ништо за себе, додека покрај неа е пронајден леток со кој се најавува најновото предавање на Ајнштајн. Романот е вистинска мистерија за љубовта, но и авантура која на некој начин го внесува читателот во психата на еден од најголемите умови на сите времиња.

odlicni-knigi-za-odlicna-esen-03.jpg


„Quo Vadis?“ – Хенрик Сјенкјевич

Романот, напишан во 1895 година, ги отсликува последните денови пред падот на Римската Империја. Во него се опишува ширењето на христијанството во Рим и палењето на Рим од страна на Нерон. Quo Vadis? е латински израз и значи Каде одиш?, а со него се алудира на дел од Новиот завет што се однесува на разговор меѓу свети Петар и Исус. Всушност, романот е приказна за љубовта меѓу младата христијанка Лигија и Римјанинот Винициј, но и за Нерон и палењето на Рим, како и убивањето на христијаните. Во 1905 година Сјенкјевич добил Нобелова награда за литература токму за ова незаборавно ремек-дело.

odlicni-knigi-za-odlicna-esen-04.jpg


„Посакувам да си тука“ – Франсеск Мирајлес

Насловена според легендарната песна на Пинк Флојд, овој роман е посветен на љубовта што ја бараме целиот живот, но и на моментите кога чувствуваме дека ништо нема смисла. Сето ова е преточено во ликот на Даниел, успешен архитект кој секогаш одел по прави линии. Кога на неговиот роденден свршеницата ќе го остави поради друг човек, Даниел доживува длабока криза. Работите се менуваат кога ќе почне да го слуша цедето што ќе му го подари една негова пријателка. Стиховите од песните ќе го натераат да замине во Париз и да започне потрага по сопственикот на таинствената книга што ќе ја најде во еден бар.

odlicni-knigi-za-odlicna-esen-05.jpeg


„Последниот воз за Истанбул“ – Ајше Кулин

Љубовта меѓу Турчинката Селва и Евреинот Рафаел е невозможна во Истанбул и тие решаваат да заминат во Париз. Меѓутоа, почнува Втората светска војна, а младиот пар стравува дека ќе биде фатен и испратен во концентрационен логор. Ниту преселбата во Марсеј нема да биде од помош за Селва и Рафаел. Ова е интересна историска драма за Истанбул, традицијата во Турција и двајцата љубовници кои ќе се спротивстават на таа традиција и ќе ја следат судбината.

odlicni-knigi-za-odlicna-esen-06.jpg

М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
Која книга треба да ја прочитате следна, според хороскопскиот знак? Дали се двоумите која книга да почнете да ја читате во следниот период? Ако да, ...
3 мистериозни романи кои ќе ги прочитате во еден здив Три романи за сечиј вкус, а во центарот на вниманието на трите мистериозни прика...
3 книги од Колин Хувер, што ќе ве остават без зборови Колку романи од Колин Хувер сте прочитале? Во продолжение некои од нејзините пом...
3 романи од Софи Кинсела што се читаат и во автобус Романите на Софи Кинсела нема да ве остават рамнодушни. Нејзините приказни се ис...
3 психолошки романи кои вреди да се прочитаат (и кои долго ќе ги помните) Кога се спомнуваат психолошките романи, обично прв на ум ни паѓа Достоевски и не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg