Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 одлични книги од турски автори (што се читаат во еден здив)

Ви препорачуваме ова лето да одвоите време и да прочитате некои од овие 3 книжевни дела од турски автори.

3-odlichni-knigi-od-turski-avtori-shto-se-chitaat-vo-eden-zdiv-01.jpg

Доколку сте од оние читатели што сакаат да откриваат нови книжевни текстови и малку поинакви наративи, секако дека овие романи ќе ви се допаднат.

Се читаат во еден здив, а за некои од овие приказни долго ќе размислувате...

Кои книги од турски автори вреди да ги прочитате?

„Ноќта на зелената самовила“ - Ајфер Тунч

Станува збор за роман кој е пишуван на разговорен стил, а во него се провлекува приказната за одмаздата на една млада жена која го допрела дното, за нејзините страдања и потрагата по љубовта.

Станува збор за книга која зборува за трагичната, интимна приказна за самоуништувањето и одмаздата, како и за голем број други проблеми што го погодуваат модерниот свет.

Ова е книга што задолжително треба да ја прочитате доколку сте љубители на турските автори и книжевници, затоа што многумина велаt дека со овој роман Ајфер како да земала огледало и буквално го отсликала модерното општество во кое што живееме.

3-odlichni-knigi-od-turski-avtori-shto-se-chitaat-vo-eden-zdiv-02.jpg

„Жената со црвена коса“ – Орхан Памук

Уште еден роман од авторот на „Се викам црвено“ и „Музеј на невиноста“.

Приказната се одвива кон крајот на 20-тиот век кога мајсторот Махмут и неговиот чирак Џем треба да ископаат бунар на едно навидум суво и пусто место во близина на Истанбул. Додека работат, тие развиваат посебен однос.

Махмут го засакува Џем како свој син, а младото момче во мајсторот го наоѓа таткото што го напуштил.

Во истиот миг на сцената стапува жената со црвена коса, а околу нив се случува страшна и голема несреќа што ќе остави големи трауми врз животот на момчето.

За овој роман се вели дека е еден од помалку важните книги на нобеловецот Памук, но секако вреди да се прочита.

3-odlichni-knigi-od-turski-avtori-shto-se-chitaat-vo-eden-zdiv-06.jpg.jpg

„Девојката од прозорецот“ – Ѓулерсен Будајџоглу

Уште една приказна за реалниот живот.

Приказна за Девојката од прозорецот – Налан, која израснала во луксуз, но чијашто судбина била лошо запишана од самиот почеток.

Споредена со приказната на Хајри, кој израснал во беда, но и за нивната љубов, која е страсна, но болна.

Авторката нѐ потсетува дека многу често нашата судбина е запишана уште во куќите каде што сме се родиле, како животот ни задава удари, нѐ учи да се исправиме и да продолжиме со животот.

Но, тоа не значи дека секој од нас може да очекува среќен крај.

3-odlichni-knigi-od-turski-avtori-shto-se-chitaat-vo-eden-zdiv-04_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...
3 книги за сечиј вкус, кои нема да ви дадат мир додека не ги прочитате Роман кој зборува за срушените идеали на нашите иселеници кои заминуваат во стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg