Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мистеријата зад „Црвената книга“ на Јунг

Црвената книга е ракопис создаден од страна на швајцарскиот психолог и лекар Карл Густав Јунг во период од 1915 до 1930 година. Иако била номинирана како централно дело во опусот на Јунг, не била објавена сé до 2009 година.

misterijata-zad-crvenata-kniga-na-jung-01.jpg

Своето име го добила според корицата на книгата, додека Јунг ја нарекувал Liber Novus (на латински, нова книга).

Јунг за оваа книга зборува како за неговиот најтежок експеримент кој вклучувал доброволно соочување со несвесното преку намерен ангажман, односно, она што подоцна го нарекувал митопоетска имагинација.

Ги бележел своите виденија или фантазии во серија од шест дневници, денес познати како „Црни книги“.

misterijata-zad-crvenata-kniga-na-jung1.jpg

Јунг го пишувал неговиот текст со калиграфско пенкало и разнобојни мастила. Текстот е напишан на германски јазик, а вклучува и цитати од Вулгата на латински јазик и неколку натписи и имиња напишани на латински и грчки, како и краток цитат од Багавад Гита.

Книгата ја раскажува приказната за Јунг кој се обидува да се соочи со сопствените демони.

Во неа, тој патува во земјата на мртвите, се вљубува во една жена за која подоцна сфаќа дека му е сестра, се среќава со голема змија и сл.

Стилот на пишување во Црвената книга наликува на стилот на филозофот Фридрих Ниче („Така зборуваше Заратустра“).

Во основа се работи за внатрешен дијалог со себеси, со несвесното, комплексите, демоните, душата кои биле запоставени или неразвиени.

Секој од овие потиснати елементи на неговата психа се манифестирани во соништа и визии.

Црвената книга започнува како детален дневник на еден човек и неговото патување во подземјето, а завршува со неговите херојски враќања во обновениот надворешен свет.

Книгата може да се опише и како Светиот Грал на несвесното. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
Три (контроверзни) книги за префинети читатели Три книги од три светски признати авторки, кои се преведени на голем број јазици...
3 одлични книги од турски автори (што се читаат во еден здив) Ви препорачуваме ова лето да одвоите време и да прочитате некои од овие 3 книжев...
3 романи за кои ќе сакате да се пофалите дека сте ги прочитале Ако сте од оние читатели, со истенчен вкус, тогаш овие книги сигурно ќе ви се до...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
3 книги за млади што можете да ги прочитате за време на пролетниот распуст Три романи наменети за младите читатели. Идеални за да одморите од лектирите и к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg