Футуристички книги кои ќе го поттикнат вашето фантазирање
Незамисливи простори, вселенски патувања, роботи, вонземјани и нови неоткриени технолошки направи. Работи во кои може да се ужива во научно фантастичните книги.
Ова е жанрот кој ќе успее да ја прошири вашата имагинација и да ви даде идеа за тоа што се крие зад непознатите пространства, неоткриените вселени и времето кое е далеку од нас.
Слободно препуштете се на чудакот во вас и уживајте во некои од основните и традиционални елементи и теми со кои ќе се сретнете во оваа група на книги: вештачка интелигенција, патување низ универзумот, футуристички направи, апокалиптични политички системи и вонземјани.
1. „Автостоперски водич низ галаксијата“ од Даглас Адамс
Вонземјани, вселенски простор и многу комедија. Ова се трите зборови кои можат да ја опишат оваа книга. Спој на 5 новели во кои главниот лик Артур Дент оди на долго патување низ галактичкиот автопат и кој завршува со целосно уништување на планетата Земја.
2. „Играта на Ендер“ од Орсон Скод Кард
Од неодамна адаптирана за филмските платна оваа книга стана одново привлечна за футуристичките фанатици. Тука станува збор за генијални и супермоќни деца кои се воспитуваат и тренираат како војници за одбрана на Земјата против вонземските напади.
3. „Дина“ од Френк Херберт
Џиновски црви и пустини. Станува збор за далечната иднина во која владее интерстеларено феудално општествено уредување. Во оваа книга младиот јунак Пол го одмаздува своето семејство кое живее на планетата Аракис и го собрира најбараниот зачин во универзумот.
4. „Патување до центарот на Земјата“ од Жил Верн
Жил Верн е меѓу првите писатели на овој жанр. Во оваа книга станува збор за професор по геологија кој е убеден дека вулканите носат до центарот на земјата каде се сретнува со скриениот свет на шуми и животински видови кои се сметало дека се изумрени и некои сосема нови видови.
6. „Времеплов“ од Велс
Оваа книга покрај „Војна на световите“ и „Невидливиот човек“ е дел од многуте причини поради кои Велс се смета за татко на жанрот. Во првата книга се опишуваат две раси, нежните Илои и застрашувачките Морлоци кои ја прикажуваат деструктивната моќ на капитализмот.
7. „Франкенштајн“ од Мери Шели
Книгата го опишува односот меѓу Виктор Франкенштајн и суштеството кое го создава и секако вечните прашања за моќта и религиозните верувања.
8. „Марсовски хроники“ на Реј Бредбури
Тука се исполнува долгогодишниот сон на човекот да пристигне на планетата Марс. За изненадување се открива античката раса која отсекогаш се криела на ова тло.