5 психолошки книги кои ќе ве остават со отворена уста

Психологијата денес е тема привлечна за многу читатели во потрага по нови предизвици напишани на лист, кои ги прават да размислуваат невообичаено.

5-psiholoski-knigi-koi-ke-ve-ostavat-so-otvorena-usta-2

 Ова се тие 5 книги кои доколку ги прочитате ќе се почувствувате помоќни психички, а истите ќе ве остават со отворена уста, отворајќи ви носат нов видик кон светот непознат за вас.

„Хипнотизер” – Ларс Кеплер

Книга која буквално ќе ве остави без зборови и ќе ве освои во целост. Станува збор за еден психолошки трилер, кој ќе ве изненади со својата колуминација.

Во Шведска се случува ужасен масакр во кој е убиено цело семејство. Но, кога доаѓаат полицајците на местото на злосторството, сфаќаат дека малото момче Јусеф, кое иако има тешки повреди, сепак е живо.

Еден хипнотизер со цел да дознае кој го убил ќе го хипнотизира семејството, а она што ќе го слушне од него е страшно.


„Тајната” – Ронда Бирн

Тајната е најпродаваната книга за психолошка помош, напишана според поранешниот филм кој го има истиот наслов.

Книгата е врз основа на законот за привлечност и според неа позитивното мислење може да донесе резултати кои ќе ви го променат животот, како што се зголемено богатство, здравје и среќа.

Ќе останете со отворена уста кога Ронда ќе ви ги раскаже сите тајни на вашата потсвест со кои може да ја манипулирате вашата свест и да добиете сè што посакувате во животот.


„Кој ќе плаче кога ќе те нема” - Робин Шарма

Ако сте подготвени да го замените чувството на празнотија во себе со длабоки чувства на задоволство, мир и страст, и сакате да водите живот полн со смисла и цел, ова е идеална книга за вас.

Ќе ве запознае со моќите кои ги поседувате во врска со сè во животот и кои може да ги искористите уште денес, како на пример моќта за убивање на грижата во себе.


„Алеф” – Пауло Коелјо

Во овој негов роман, Коелјо започнува патување за да се врати назад во минатото, во некој од претходните животи и да успее да добие прошка од жената којашто ја сакал и ја повредил пред пет векови.

На тоа патување ќе ве научи нешто околу сродните души, реинкарнацијата и кармата за кои сигурно досега немате размислувано во животот.


„Малиот Ханс” – Зигмунд Фројд

Во оваа книга се опишува случајот на малиот Ханс кај кој се јавува анксиозност, страв од коњи и голема приврзаност кон мајка си. Откако пробал сè за да го излекува, неговиот татко ќе го одведе кај Фројд.

Фројд ќе биде заинтиргиран од случајот и тука почнува псиихоанализата.

Книгата е преполна со психијатарски поими во кои ќе се изгубите ако не сте навистина концентрирани, но сепак нема да ја оставите, бидејќи ќе бидите премногу заитересирани за тоа што ќе му се случи на малиoт Ханс.

Дали ќе успее прочуениот Фројд да навлезе во умот на едно 5 годишно дете и да ја отстрани причината за неговата психичка состојба, дознајте сами!

5-psiholoski-knigi-koi-ke-ve-ostavat-so-otvorena-usta-1

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg