Најубавите светски цитати за книгите и читањето

Книгите секогаш ќе останат во мода, а луѓето кои го следат тој тренд знаат дека секоја книга има посебна приказна која треба да биде прочитана.

najubavite-svetski-citati-za-knigite-i-citanjeto-1

 Ова се најубавите светски цитати за книгите и читањето кои ќе ве поттикнат уште денес да си најдете некоја нова книга во библиотека:

- Добра книга на вашата полица е исто како добар пријател. Без разлика дали ќе ви сврти грб, таа секогаш ќе остане добра за вас.

- Сите што кажуваат дека животот се живее само еднаш, сигурно не прочитале ниту една книга во својот живот.

- Добра книга секогаш ќе те исцрпи до крајот, бидејќи ќе проживееш неколку животи пред да ја завршиш, читајќи ја.

- Добрата книга ќе те натера да замислиш како е да се соживееш со ликовите, одличната книга нема да ти остави избор.

- Секогаш читај книга што ќе те направи да изгледаш паметно доколку би умрел во истиот момент кога ја читаш истата.

- Лесна книга за читање му претходи на проклето тешко пишување на истата.

- Никогаш не судете ја книгата по нејзините корици, или филм снимен според нејзината приказна.

- Не можеш да купиш среќа со пари, но можеш да купиш книга, тоа е приближно исто.

- Книгите ја бришат прашината на душата од секојдневието на животот.

- Не постои поубав мирис од мирисот на стара, добра книга.

- Оние што читаат книги живеат илјадници животи пред да умрат.

- Соба без книги е како тело без душа.

- Вљубените во книгата никогаш не си легнуваат во кревет сами.

- Книгата е подарок кој можеш да го отвораш одново и одново.

- Читањето е како сонување со отворени очи.

- Жена што чита книги е опасна жена.

- Ако има книга што сакаш да ја прочиташ, но не е сè уште напишана, треба да ја напишеш ти!

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg