Најеротските книги на сите времиња кои возбудуваат уште на првата страница

Во денешно време кога сексот продава сè во секој поглед, било да се работи за филм, реклама или книга, купувачите се повеќе од заинтересирани да го добијат веднаш она што тие го нудат, а во овој случај е возбудата.

ova-se-najerotskite-knigi-na-site-vreminja-koi-vozbuduvaat-uste-na-prvata-stranica-1

Доколку и вие сте едни од нив и сакате да доживеете поинаква возбуда ви ги препорачуваме најеротските книги на сите времиња кои ќе ви го кренат притисокот уште на првата страница!


„Лолита” - Владимир Набоков

38-годишниот професор по литература по име Хамберт е опседнат со дванаесетгодишната Долорес Хејз со која влегува во сексуални односи, откако ќе стане нејзин очув, ова е колуминацијата која е доволна за да ве заинтригира да ја прочитате.

Иако се раскажува за нешто нестандардно и одвратно, верувајте книгата ќе ве изненади штом е прогласена за класик во овој жанр..


„Сеќавањето на моите тажни курви” - Габриел Гарсија Маркез

Сите петстотини и четириесет жени биле неговите тажни курви кои ги плаќал за секс, но тажно е што и покрај овој огромен број на жени кои поминале низ неговата постела, овој стар новинар никогаш во животот ниедна не љубел, тој никогаш воопшто не бил вљубен во жена.


„Шангај бејби” -
Веј Хуј

Книгата нема да ве остави рамнодушни бидејќи во неа се раскажува за млада Кинеска која има момче, но неговата зависност од дрога ќе ја натера страста во креветот да ја разгори во туѓи прегратки.

Ќе седи на две столчиња, ќе спие во два кревети, но на крајот ќе остане сама, кулминацијата вреди да биде прочитана бидејќи книгата е забранета во Кина, но не и во Македонија, а штом е забранета може да замислите што сè се раскажува во неа!

ova-se-najerotskite-knigi-na-site-vreminja-koi-vozbuduvaat-uste-na-prvata-stranica-2

„Педесет нијанси на сиво” - Ел. Џејмс

Зарем е потребно образложение за трите изданија на „Педест нијанси на сиво“?

Веројатно не, доволно е да го погледнете филмот базиран на книгите кој трае помалку од 2 часа, половина час се еротски сцени, кои верувајте се добро и детално опишани во сите три изданија.

 
„Жени” - Чарлс Буковски

Светскиот писател кој имал секс со сè што мрда, се опивал секој ден и пишувал за да преживее ја има напишано книгата „Жени” која е хит книга во светот и една од најеротските кои ќе ве заинтригираат уште со натписот на задната корица, а кој е тој натпис, откријте сами!

Која еротска книга би ја препорачале вие?

Би можело да ве интересира:

3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
Предлог наслови од познатите Македонци: Која книга им оставила најголем впечаток? Кои им се омилени книги на познатите Македонци? Која е една книга што им оставил...
3 одлични книги за самопомош, што ќе ви ги откријат тајните за поголем душевен мир Како да научите да се ослободите и да побегнете од перфекционистичките очекувања...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg