Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Романтични книги кои ќе ви ја вратат вербата во љубовта

Ако сте во потрага по романтична книга која ќе ви го згрее срцето оваа зима, тогаш сте на вистинската страница.

romanticni-knigi-koi-kje-vi-ja-vratat-verbata-vo-ljubovta-1

За многумина добрите романтични романи се причина поради која тие сѐ уште веруваат во љубовта.

Нема да згрешите ако ги прочитате:

1. „Ти не знаеш да сакаш” - Сузан Елизабет Филипс

Приказната ќе ве освои уште на првите неколку страници. Проверете дали навистина е возможно да се добие љубов од човек кој не знае да сака. Романот е емотивен, уникатен и лесен за читање. За миг ќе ве насмее, а веќе наредниот ќе ви разбуди тага и сочувство, но дефинитивно ќе ви го „разбуди” срцето.


2. „Големиот Гетсби” - Ф. Скот Фицџерлад

Книжевно ремек дело со универзална приказна, која ја покажува релацијата помеѓу љубовта и парите. Љубовта е нешто што не може да се купи, макар колку и да бидете богати, а токму тоа го покажува овој роман.

romanticni-knigi-koi-kje-vi-ja-vrata-verbata-vo-ljubovta-2.jpg

3. „Гордост и предрасуди” - Џејн Остин

„Среќата во бракот е прашање на случајност”, вели авторката. Ставот за гордоста и предрасудите е позадина на целиот роман, во едно материјално време. До кои крајности може човек да оди за да оствари богатство? Откријте во романот кој навистина ќе ви ги отворите очите и ќе ви долови едно поинакво време.


4. „Шолја Чај” - Ејми Ефрон

Дали сте подготвени да направите сѐ за да си ја вратите назад љубовта? Прочитајте каде може да ве однесе една шолја чај, навидум пријателска и добронамерна. Во оваа книга се кријат навистина интересни љубовни поуки кои ќе ве направат далеку похрабри и повеќе подготвени за нова љубов.


5. „11 минути” - Пауло Коелјо

Романот што предизвика бурни реакции во светот е токму овој, кој е приказ на една вечна потрага по себе и потрага по љубовта. Книгата ќе ви докаже дека не треба тукутака да минувате низ животот, туку да го живеете секој миг. Реалноста е сурова, но борбата со неа може да заврши со успех. 

Би можело да ве интересира:

3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 книги за сечиј вкус, кои нема да ви дадат мир додека не ги прочитате Роман кој зборува за срушените идеали на нашите иселеници кои заминуваат во стра...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg