6 книги од домашни автори, по препорака на македонски вљубеници во читањето

Симона Мано ја препорачува „Гол човек“ од Игор Џамбазов

Една од поомилените книги од нашите македонски автори ми е автобиографската книга „Гол човек“ од Игор Џамбазов, која е интимна и привлечна книга која ги води читателите на сурово патување низ неговиот живот, откривајќи ги борбите, триумфите и ранливостите што го дефинираат човечкото искуство.

Напишана е со искреност и духовитост, по кои е познат и самиот Џамбазов.

Во „Гол човек“, тој нè кани во својот свет со приказни за неговите лични битки, врвни моменти во кариерата и длабоките врски што го обликувале и тоа оваа книга ја прави посебна - барем од мое лично гледиште.

Топла препорака од мене за сите фанови на Игор и за сите читатели на CRNOBELO.com, верувајте дека навистина ќе уживате читајќи ја!

6-knigi-od-domashni-avtori-po-preporaka-na-makedonski-vljubenici-vo-chitanjeto-04.jpg

Катерина Милевска ja препорачува „Сагата за Рајна“ од Оља Петрушевска - Томева.

Дали знаевте дека првата аптекарка на Балканот е Македонка? Да, точно слушнавте! Македонка, од Битола.

„Сагата за Рајна“ е роман во којшто е раскажана приказната за Рајна Алексова, првата дипломирана фармацевтка на целиот Балкан.

Рајна е родена во Битола, во периодот на Османлиското Царство и за разлика од другите девојчиња кои во тој период биле многу малку образовани, таа успеала да се избори и да ги поништи сите стереотипи дека само машките деца може да се образуваат.

По смртта на нејзините родители, единствениот мир го наоѓала во учењето и сакала да го исполни ветувањето коешто ѝ го дала на својата мајка - да стане некој и нешто.

Откако завршила француска гимназија во Солун, се вратила во Битола кај својот брат Ристо, кој ја имал првата аптека во градот, и тој успева да ја однесе во Лозана, Швајцарија, и да ја запише на Фармацевтски факултет.

Така Рајна станува прва жена - дипломиран фармацевт на целиот Балкан и прва жена која добила дозвола за работа.

По враќањето во Битола, како европска дама, таа била постојано мета на Турците и нејзината работа била постојано попречувана. Меѓутоа, таа успеала да ги помине сите тие мрачни денови сакајќи да му помогне на својот страдален народ.

Оваа книга е една од моите најомилени. Бидејќи ја читав кога бев на почеток со учење на фармација, ми беше буквално како ветер во грб. Ја препорачувам на сите кои ја немаат прочитано. Се чита во еден здив буквално.

„Живеј како што знаеш, но умри значајно!“ е мојот омилен цитат од книгата.

6-knigi-od-domashni-avtori-po-preporaka-na-makedonski-vljubenici-vo-chitanjeto-07.jpg

Симона Јовеска ја препорачува „Ноќта кога ја напуштив Прага“ од Јован Илиески

Ако барате книга која ќе ви ја отвори душата и ќе ве натера да размислувате за љубовта, надежта и човечките вредности, тогаш „Ноќта кога ја напуштив Прага“ од нашиот Јован Илиески е идеален избор.

Овој роман ги спојува личните трагедии на самохраната мајка Ингрид и нејзиното синче Матео како и историските настани, создавајќи уникатна и длабока приказна за љубовта, жртвата, но и бегството.

Преку судбината на Ингрид се истражува тежината на живеењето во време на Првата светска војна, но и силата на надежта и човековата желба за слобода.

Книгата ќе ве остави со многу прашања за тоа што значи вистинска слобода и што сме подготвени да жртвуваме за неа.

Искрено ја препорачувам за сите кои сакаат да уживаат во приказни кои допираат длабоко во срцето и никого не оставаат рамнодушен.

6-knigi-od-domashni-avtori-po-preporaka-na-makedonski-vljubenici-vo-chitanjeto-05.jpg

А. Ј. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg