Македонски автори и светски класици - Книги по препорака од нашите инфлуенсери
Миа Костова - „Големиот Гетсби“ од Ф. Скот Фицџералд
Миа Костова има неколку книги за кои вели дека ѝ се омилени, а една од нив е познатиот роман на Френсис Скот Фицџералд „Големиот Гетсби“.
Џеј Гетсби е претставник на најнеморалниот дел од општеството, речиси гангстер, но сепак поседува позитивни човечки квалитети.
Тој го живее животот како сон, занесен од претставата за Дејзи како синоним на убавината, добрината, душевниот мир и блаженството на светот.
Но, на крајот, тој станува трагична жртва на својот сон кој никогаш не може да го оствари.
Романот го одбележува временскиот период кој Фицџералд го нарекол „Времето на џезот“, а го следи шокот и хаосот по Првата светска војна, кога прохибицијата ги направила нелегалните дистрибутери на алкохол милионери и довела до зголемување на организираниот криминал.
Александар Динев - „Богат татко, сиромашен татко“ од Роберт Киосаки
Младиот инфлуенсер Александар Динев вели дека - „Богат татко, сиромашен татко“ од Роберт Киосаки му е омилена.
Оваа книга „го растресе финансискиот свет“, а ги опишува разликата во погледите и ставовите на богатите во споредба со обичните луѓе.
Киосаки, кој е инвеститор-милионер, автор и предавач, пишува од лично искуство, односно неговиот татко, кој е сиромашен професор и таткото на негов другар кој е богат и успешен бизнисмен.
Токму бизнисменот станал ментор на Киосаки и му ги отворил очите за огромните грешки што ги правел неговиот сиромашен татко во врска со парите.
Илариа Кирилов - „Злосторство и казна“ од Фјород Достоевски
Манекенката и инфлуенсерка, Илариа Кирилов, вели дека обожава да чита класици, а за неа ненадминат е Достоевски и неговиот роман „Злосторство и казна“.
Во делото, емотивно растроениот студент Родион Раскољников убива и ограбува две жени за да докаже дека тој е еден од „избраните“ големи луѓе како што бил Наполеон и дека може да одзема човечки животи во име на повисока цел.
Романот е всушност контемплација за природата на доброто и злото и е филозофска критика на нихилизмот, којшто бил популарен во 19 век.
Името на главниот јунак, Раскољников, произлегува од зборот „раскол“ - поделба, опозиција.
А. Ј. | Црнобело