Што читаа познатите Македонки на плажа во лето 2024?
Аделина Тахири
„Зошто мажите сакаат кучки“ – Шери Аргов
Аделина Тахири се пофали дека летово на плажа ја читала книгата „Зошто мажите сакаат кучки“ на албански јазик.
Книгава за жал сè уште не е преведена на македонски, но истата стана вистински хит и кај нас, кога беше преведена на соседните јазици.
Станува збор за своевиден прирачник за состанување, во кој се појаснува зошто на мажите им се допаѓаат силни и независни жени.
Шери Аргов ги учи жените како да владеат со психологијата на мажите, како да имаат свој став во врската но и да го задржат партнерот.
Дарја Ризова
„Лажливиот живот на возрасните“ – Елена Феранте
Нашата актерка Дарја Ризова, пак, летово се одлучи за романот на Елена Феранте, кој се врзува за животот на младата Џована која е ќерка единица на ситуирани професори во средно образование.
Според татко ѝ на Џована, лицето на девојчето во пубертет одеднаш почнува да се менува, и таа сè повеќе наликува на тетка ѝ – жената која што никогаш не ја запознала, но чиешто име е синоним за презир во нејзиното семејство.
Овој роман беше вистински хит, а за тоа сведочи и фактот што во 2022-ра година Нефликс ја сними истоимената серија The Lying life of Adults.
Б. С. Б. | Црнобело