3 книги кои вреди да ги прочитате (и за кои ќе размислувате со денови)

Книги наменети за оние на кои книгите им се лек за душата и кои сакаат четива што ќе ги натераат да размислуваат. Кои 3 романи вреди да седнете и да ги прочитате и за кои ќе размислувате со денови?

3-knigi-koi-vredi-da-gi-prochitate-i-za-koi-kje-razmisluvate-so-denovi-01.jpg

Овие 3 романи се наменети за вистинските љубители на книжевноста и пишаниот збор, кои сакаат литературата што ја читаат да ги одведе во еден друг и поинаков свет, но сепак, да ги натера да размислуваат за најважните прашања во животот и во општеството во кое живееме.

Кои 3 книги вреди да ги набавите?

„Свежа вода за цвеќиња“ – Валери Перен

Прекрасна и емотивна приказна за Виолет Тусен, која се грижи за гробиштата во едно мало гратче во Франција и во својот дневник ги запишува сеќавањата од секој погреб на којшто присуствувала.

Таа е тука за да им даде утеха на луѓето кои со тешко срце се простуваат од своите најмили.

Но нејзиниот живот ќе тргне во сосема поинаков правец, еден ден кога полицискиот комесар Жилиен Сел ќе дојде со барање урната со пепелта од неговата мајка да биде поставена во гробот на еден непознат човек.

Читателот полека дознава за тајната љубов на мајката на Жилиен, но и за тајните на Виолет, кои со години ги чувала во себе.

Ова е книга, која е одлично промислување за животот, смртта, љубовта, бракот, мајчинството, трагедијата и загубата, но и за тоа како можеме да продолжиме со животот откако сме биле погодени од силна трагедија.

3-knigi-koi-vredi-da-gi-prochitate-i-za-koi-kje-razmisluvate-so-denovi-02_copy.jpg

„Залудно бегство“ – Сигурн Паулсдотир

На крајот на 19-иот век, еден ексцентричен вдовец, по смртта на сопругата целосно е посветен на својата колекција со артефакти.

Тој ја воспитува неговата ќерка Сигурлина да се грижи за домот, да готви, да везе, но и да му помага да ги каталогизира неговите археолошки пронајдоци во Исланд.

Таткото воопшто не се грижи за соништата на неговата ќерка, која сака да патува и да биде независна. Затоа таа ненеадејно одлучува да си замине и да отпатува во Њујорк, каде ќе работи за колекционер, а со себе ќе понесе непроценлив артефакт од Исланд.

Ова е краток роман кој ги комбинира историјата и авантурата со Исландските саги, а ќе им се допадне и на сите оние што сакаат феминистички четива.

3-knigi-koi-vredi-da-gi-prochitate-i-za-koi-kje-razmisluvate-so-denovi-03.jpg

„Последното уметничко дело“ – Софија Лундберј

Ова е роман што дефинитивно ќе го прочитате во еден здив.

Светски познатата уметница Хана Стилтје го открива своето последно уметничко дело во Музејот на современа уметност во Стокхолм и наместо да го поздрави со громогласен аплауз, публиката е збунета и разочарана.

Наместо да прикаже неверојатна слика или скулптура, Хана пред публиката претставува гардеробер полн со ѓубре и исечоци.

Но тоа не се какви било исечоци, туку ја прикажува приказната за предавствата на родителите и „слепилото“ на институциите што требало да ги заштити најмладите.

Софиа Лундберј уште еднаш успева да загатне некои важни прашања и да ве натера да размислувате.

3-knigi-koi-vredi-da-gi-prochitate-i-za-koi-kje-razmisluvate-so-denovi-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
За секого по нешто: 3 книги што треба да ги имате на полицата Издвојуваме по една книга за секого: За безнадежните романтичари што сакаат да ч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg