3 романи од Софи Кинсела што се читаат и во автобус

Романите на Софи Кинсела нема да ве остават рамнодушни. Нејзините приказни се исполнети со комични пресврти и ситуации, а наменети се за сите модерни и вредни дами кои сакаат да уживаат во приказни кои им ја враќаат вербата во љубовта.

3-romani-od-sofi-kinsela-za-modernite-zheni-01.jpg

Книгите на Софи Кинсела се омилени меѓу жените во светот, а вообичаено жанровски се сместени во т.н. chick lit, односно литература што ги освојува младите и модерни дами.

Можете да ги читате и во автобус, затоа што не бараат преголема концентрација и се совршени за во оние мигови кога треба да си го пополните времето и не сакате да ви биде здодевно.

Авторката на романот според кој е снимен и филмот Confessions of a Shopahollic, досега напишала повеќе од 40 романи, а некои од нив се преведени и на македонски јазик.

Издвојуваме 3 романи што би можеле да ги прочитате:

„Совршена недомаќинка“

Адвокатката Саманта Свитинг прави голема грешка за првпат во својата кариера и си ги уништува сите шанси да стане партнер во адвокатската фирма каде што работи.

Избезумена, таа излетува од својата канцеларија и се качува во воз, а на крај ниту самата не знае каде се наоѓа.

Заплетот настанува кога таа влегува во една голема куќа за да праша за насоки затоа што е изгубена, но доаѓа до недоразбирање и помислуваат дека таа е кандидатка за интервју, па сосема случајно ќе остане да работи како куќна помошничка.

Но, има само мал проблем. Адвокатката која била работохоличар не знае ниту како се вклучува рерната.

3-romani-od-sofi-kinsela-za-modernite-zheni-02.jpg

„Знаеш ли да чуваш тајна?“

Случајна средба, богат милионер и смешни ситуации. Ова е уште еден од романите на Кинсела што брзо ќе ве освои.

Ема Кориган е млада жена со огромно срце, а своите тајни ги крие од сите. Нејзиниот дечко не знае дека таа нема баш 52 килограми, мајка ѝ не знае кога ја загубила невиноста, а нејзината колешка не знае дека Ема ѝ се одмаздува така што ѝ истура кафе во омиленото цвеќе.

И, Ема нема проблем да живее со овие мали тајни, сѐ до оној миг кога уплашена дека авионот во кој патува ќе се урне, му се исповеда на непознатиот патник до неа.

А патникот, воопшто не е непознат. Тој е Џек Харпер – милионер кој е сопственик на компанијата каде што работи Ема и сега ги знае понижувачките детали за неа.

3-romani-od-sofi-kinsela-za-modernite-zheni-03.jpg

„Го имам твојот број“

Попи Вајат го живее животот од соништата. Нејзиниот свршеник Магнус Тавиш е сѐ што таа отсекогаш посакувала, но во само едно попладне, нејзиното совршенство почнува да се распаѓа...

Попи го губи вереничкиот прстен кој бил во семејството три генерации, а потоа и телефонот ѝ е украден. За среќа, Попи наоѓа телефон во корпата за отпадоци, што ќе ѝ се најде за да остави телефонски број во хотелот каде престојува, на којшто треба да ѝ се јават ако го најдат прстенот.

Но, тоа нема да му се допадне на сопственикот на телефонот, бизнисменот Сем Рокстон, кој сака веднаш да го добие својот уред назад.

Бидете подготвени за комични пресврти и конверзации, а на крајот на приказната Попи ќе го доживее најголемото изненадување во нејзиниот живот.

3-romani-od-sofi-kinsela-za-modernite-zheni-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 трилери што нема да ви дадат мир додека не ги завршите Љубителите на крими романи и трилери може да прочитаат неколку нови книги кои се...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg