Лектири за средно образование, што е срамота да признаете дека не сте ги прочитале
Издвојуваме 3 лектири од средното образование што е срамота да не сте ги прочитале... Ако сметате дека филмовите можат да ви ја доловат нивната магија, тогаш се лажете...
Љубовта кон пишаниот збор се раѓа од најмали нозе, но кога ќе дојдеме до средното образование голем број од нас се обидуваат да се „извлечат“ и да не ги прочитаат задолжителните лектири.
Зошто да читам 500 страници кога веќе има филм? Ако ги читам лектирите, нема да имам време за други обврски...
Сите имаме по некој изговор зошто (не) сме ги прочитале книгите, а верувајте, тој што ги прочитал добро знае дали раскажувате од филмот или од книгата...
Зошто!? Сосема просто и едноставно... И филмот е само една од многуте интерпретации што настанале за еден роман.
Во продолжение издвојуваме 3 лектири, што сметаме дека секој треба да ги прочита, а ако не сте го направиле тоа додека сте биле во средно образование, не заборавајте дека никогаш не е доцна.
Ако сте ги прочитале, слободно земете ги пак и ќе забележите и сами колку сте созреале и сте напреднале од мигот кога последен пат сте ги држеле лектирите во рака.
„Проклета Авлија“ - Иво Андриќ
Краткиот роман на Иво Андриќ „Проклета авлија“ е една од лектирите што никако не смеете да ги пропуштите. Станува збор за „роман во рамка“, а дејството е сместено во XIX век во затвор во Истанбул, т.е. Авлија.
Романот може да се толкува на повеќе начини, преку самата симболика на Авлијата, но и ликовите што се среќаваат.
Еден затвор каде се среќаваат голем број ликови кои доаѓаат од различни краеви на некогашната Отоманска Империја, а секој од нив има своја приказна и мора да се прилагоди на условите што му ги наметнува системот на затворот во којшто (случајно) се нашол.
„Ана Каренина“ - Лав Николајевич Толстој
Еден од романите што најголем број ученици се обидуваат да го прескокнат и да го погледнат филмот, но вистината е дека екранизираната верзија не може да ја долови магијата на книжевното дело.
Од самиот вовед, па сè до крајот романот нуди детален увид во високите кругови на руското општество, но и ги нагласува моралните вредности во животот, коишто главните протагонисти се чини дека ги заборавиле.
„Злосторство и казна“ - Ф. М. Достоевски
Велат дека една од книгата за која најмногу се лаже дека е прочитана е ремек-делото „Злосторство и казна“ на Достоевски...
Зошто? Најверојатно темниот призвук и тешките внатрешни монолози не успеваат да допрат до целата публика.
Но, вистината е дека станува збор за психолошки реализам, кој детално ја отсликува човечката душа, со сите нејзини мани и недостатоци.
Приказна за храброста, каењето, за тоа како ставовите на една личност се менуваат од период во период... За спојувањето на ликовите кои се наоѓаат во калта на општеството...
Б. С. Б. | Црнобело