Чудни анимирани џуџиња, конфликт меѓу главните актерки: Зошто новиот филм за Снежана ќе биде „пропаст“ за Дизни?
Уште откако беше најавен, играниот филм за Снежана во продукција на Дизни се соочува само со контроверзии – од чудните изјави на главната актерка и бизарните анимирани џуџиња, до откажаната јавна премиера, наводно студиото очекува да изгуби милиони од филмот.
Веќе неколку години, Дизни прави римејкови на популарните цртани филмови со коишто пораснавме.
Иако повеќето од новите играни филмови се релативно добро прифатени од јавноста, римејкот на „Снежана“ предизвика многу контроверзии.
Некои одат дотаму што велат дека филмот ќе биде и „пропаста на Дизни“.
За филмот се потрошени 300 милиони долари, но сега наводно и од Дизни се сомневаат дека ќе имаат некаква заработка.
По бројните контроверзии, Дизни ја откажа јавната премиера, па првото прикажување на филмот се одржа во тајност.
Европската премиера на филмот беше на 12-ти март и наместо во кино, настанот се одржа во Шпанија, во замокот Alcazar de Segovia кој е инспирација за замокот во цртаниот филм.
Иако изборот на локација е добар, на настанот можеа да присуствуваат само луѓе со покана и во јавност никој не спомна ништо за премиерата.
Викендов, филмот ќе ја има и американската премиера, но и овој пат со строго контролирана публика.
Според Variety, на медиумите ќе им биде забранет пристап до црвениот тепих за да не можат да ги интервјуираат актерите.
Зошто сите го мразат новиот филм за Снежана?
Ја променија приказната
Цртаните на Дизни се снимени според бајки во кои има и многу морничави елементи.
Па, приказните во цртаните се малку изменети и направени посоодветни за млада публика.
Но, кога станува збор за римејковите, Дизни главно не ја менува приказната од оригиналните цртани.
Сепак, за новиот филм со Снежана, уште на почетокот беше најавено дека некои работи ќе бидат променети.
Кога се појавија првите фотки од сетот, стана јасно дека седумте џуџиња биле заменети со седум лица од разни полови и раси.
Иако Холивуд е под притисок да вклучува повеќе малцинства во филмовите, што е сосема во ред, на многумина не им се допадна што е направена промена во однос на седумте џуџиња кои се меѓу главните ликови во приказната.
Џуџињата беа заменети со компјутерски анимации
По критиките од јавноста, Дизни објави трејлер во кој се гледа дека наместо седум луѓе, џуџињата се заменети со компјутерски анимации.
По ова, се огласија холивудски актери со џуџест раст кои рекоа дека од Дизни им ја украле можноста да најдат работа.
Од Дизни изјавија дека не сакале да промовираат стереотипи и затоа одлучиле седумте џуџиња да бидат анимации.
Актерките, од друга страна, воопшто не мислат дека џуџињата претставуваат стереотип и очекувале Дизни да најми лица со џуџест раст за улогите.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





