10 филмови кои ја прикажуваат мрачната страна на алчноста за пари и моќ
Wall Street
Иако не е базиран на вистинска приказна, филмот е инспириран од таткото на режисерот кој бил брокер за време на Големата депресија во САД.
Главниот лик е млад брокер кој сака да го импресионира својот идол.
Но, како што напредува на Волстрит, приватниот живот му се распаѓа.
Lord of War
Со Николас Кејџ во главната улога, Lord of War ја насочува критиката кон воените профитери.
Ликот на Кејџ продава оружје, неретко оставено на бојни полиња од американски војници.
Кога Интерпол дознава за неговите нелегални активности, тој е растргнат меѓу желбата за заработка и потребата да се заштити.
Margin Call
Дејството на филмот опфаќа 24-часовен период во фирма на Волстрит, во периодот на економската криза во 2007 и 2008 година.
Главните ликови се група вработени кои пробуваат да спречат финансиски колапс, по секоја цена.
Knives Out
Ако сте расположени за нешто „полесно“, нема да погрешите со Knives Out.
Главниот лик е детектив кој треба да го реши убиството на богаташ.
Но, целото семејство делува сомнително бидејќи сите се желни за неговите пари.
The Big Short
Со одлична актерка екипа која ја сочинуваат Стив Карел, Кристијан Бејл, Бред Пит и Рајан Гослинг, The Big Short е снимен според вистински настан.
Главните ликови се неколку финансиски експерти кои го предвидуваат колапсот на пазарот на домување во САД во 2000-тите, предизвикан од алчноста и корупцијата на целиот систем.
Спирова С. | Црнобело