10 одлични, но потценети (и заборавени) филмови кои треба да ги изгледате
Blood Diamond ќе ви ја покаже мрачната страна на индустријата со дијаманти, а Equilibrium е филм што сигурно ќе ви се допадне ако сакате акција и научна-фантастика.
Меѓу стотиците филмови кои секоја година излегуваат, малку се оние кои стануваат блокбастери.
Но, само затоа што некој филм немал добра реклама или останал незабележан од голем дел од јавноста, не значи дека е лош.
Неколку потценети филмови кои можат да им парираат и на најголемите блокбастери:
Blood Diamond
Blood Diamond со Џенифер Конели и Леонардо ди Каприо во главните улоги ќе ви ја покаже мрачната страна на индустријата со дијаманти.
Главниот лик е Соломон кој е киднапиран и присилен да работи во рудник за дијаманти.
Овде, тој наоѓа редок, бесценет дијамант и го крие. Кога друг маж дознава, му ветува дека ќе му помогне да се врати дома, но само ако му го даде дијамантот.
The Time Traveler’s Wife
Снимен според истоимената книга, The Time Traveler’s Wife е навистина необична љубовна приказна.
Главниот лик е Хенри, маж со необична способност да патува низ времето.
Тој нема практично никаква контрола над оваа моќ, и никогаш не знае во кое време ќе биде вратен.
Almost Famous
Забавен филм кој донекаде го покажува животот на рок-ѕвездите од 1970-тите.
Главниот лик е средношколец кој добива шанса да напише колумна за надежен рок-бенд за магазинот Rolling Stone.
Тој тргнува на турнеја со бендот и учи многу работи за нивниот живот, но и за себе.
127 Hours
Снимен според вистински настан, 127 Hours е филм кој дефинитивно ќе ве вознемири.
Главниот лик е млад авантурист кој паѓа во бездна и раката му се заглавува под огромна карпа.
Ако сака да преживее, свесен е дека ќе мора да си ја пресече раката.
The Bourne Identity
И покрај тоа што книгите на Роберт Ладлам го дефинира жанрот, љубителите на трилери како да заборавија за филмскиот серијал со популарниот Џејсон Борн.
Борн се буди со амнезија и прострелни рани и тргнува на мисија да го открие својот идентитет.