10 одлични, но потценети (и заборавени) филмови кои треба да ги изгледате

The Curious Case of Benjamin Button

Снимен според кратката истоимена приказна на Френсис С. Фицџералд, ова е можеби најуникатниот филм на листата.

Главниот лик е Бенџамин кој, поради некоја причина, се раѓа како старец.

Како што минуваат годините, тој станува сè помлад и помлад…

O Brother, Where Art Thou

Можеби еден од најдобрите филмови на Џорџ Клуни кој сигурно ќе ви го подобри расположението.

Главните ликови се тројца затвореници кои бегаат од затвор и тргнуваат на пат да најдат скриено богатство.

Equilibrium

Ако сакате научна-фантастика, задолжително треба да го изгледате Equilibrium.

Дејството е сместено во дистописка иднина по Третата светска војна.

Во овој свет, секоја емоција е забранета бидејќи властите се сигурни дека човечките емоции се причина за секој конфликт во минатото.

The Hurt Locker

Иако ремек-делото на Кетрин Бигелоу освои Оскар за најдобар филм (и тоа кога и Avatar беше номиниран во иста категорија), се чини сите го заборавија.

Главните ликови се неколку американски војници кои се испратени на должност во Ирак.

Но, филмот не е акција каде што доминираат пукање и бркотници, туку многу добро го прикажува секојдневието на војниците и конфликтите меѓу нив.

Book of Life

Ако сте го гледале Coco и ви се допаднал, ќе ви се допадне и Book of Life бидејќи очигледно е инспирација за филмот на Pixar.

Главниот лик е Маноло, кој, обидувајќи се да ја спаси својата сакана, завршува во Земјата на мртвите.

Овде ги сретнува неговите мртви предци барајќи начин да се врати во живот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg