Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та?
Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но вистинско изненадување е дека Адам Сендлер е актерот со најголема заработка за 2023-та.
Во пресрет на овогодишните Оскари, најпрестижните филмски награди во светот, вреди да се потсетиме на најплатените актери од минатата година.
Дел од актерите на листата добија номинација, но дел се појавија во филмови кои многумина ги оценуваат како „лоши“.
А, можеби најголемо изненадување е Адам Сендлер кој е најплатениот актер за 2023-та, а чии филмови скоро никогаш не поминуваат добро ни кај јавноста, ни кај критичарите.
Истовремено, на листата има само две жени.
Кои се најплатените актери за 2023-та?
Дензел Вашингтон – 24 милиони долари
Најголем дел од заработката на 69-годишниот актер е од третото продолжение на филмскиот серијал Equalizer кој веќе има многу фанови.
Истовремено, актерот уште заработува и од претходните филмови, што сигурно му носат огромен приход кога ќе се земе предвид дека снима уште од 1970-тите.
Бен Афлек – 38 милиони долари
51-годишниот актер годинава најмногу заработи како извршен директор на неговото студио Artist Equity кое го основа со неговиот долгогодишен пријател Мет Дејмон.
Исто така, тој имаше солидна заработка од филмот Air во кој имаше улога, но и го режираше.
Џејсон Стејтам – 41 милион долари
Актерот е активен повеќе од 20 години, но изгледа 2023-та беше најдобрата за него досега.
Лани тој се појави во продолжение ја на три популарни филмски серијали, од кои два имаа солидна заработка.
Тој имаше и улоги во два самостојни филма кои исто така имаа релативно добра заработка.
Леонардо ди Каприо – 41 милион долари
Ди Каприо ја има главната улога во Killers of the Flower Moon на Скорсезе – филм кој е номиниран и за Оскар.
Актерот не доби номинација за изведбата, но дефинитивно заработи многу.
Џенифер Анистон – 41 милиони долари
Актерката која се прослави со улогата во Friends годинава се најде на листата со најплатени актери благодарение на улоги и во филмови, и во серии.
Покрај високата заработка од серијата The Morning Show, Анистон се појави и во второто продолжение на филмот Murder Mystery.
Истовремено, таа е заштитно лице на неколку познати брендови, а има и своја линија продукти за нега на коса.